Реката Кубрушница во својот ток низ српскиот град Арангеловац добила црвена боја. На социјалните мрежи од синоќа воочи Велики петок, се поставуваат фотографии од водата во реката која примила силна црвена боја.
Од Општината Топола веќе поднеле кривична пријава против непознато лице поради опасното загадување на реката. Најверојатно се работи за Киселина.