Утре ќе се знае кој ќе го замени Мијалков

По тринаесет дена од оставката на првиот човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, на утрешна владина седница конечно треба да се одлучува за неговиот заменик. Мијалков правно формално се уште ја води УБК, а изборот за нов директор на тајната полиција ќе дојде истовремено и со изборот за нов директор на Бирото за јавна безбедност.



Предлозите за двете функционерски места во полицијата, според законот, ги предлага министерот за внатрешни работи, во случајов наследникот на Гордана Јанкуловска, Митко Чавков, кој премина на чело на МВР токму од фунцијата директор на Бирото за јавна безбедност. Имињата не се откриваат се до нивниот официјален избор.

Според неофицијални информации, изборот на наследниците на Мијалков и Чавков требаше да се случат уште пред неколку денови. Но, за кадровските прашања не се разговарало бидејќи не бил присутен премиерот Никола Груевски, кој по слетувањето во Цирих заедно со владина делегација беше во посета на Италија и Ватикан.

За можни наследници на Мијалков низ експертската јавноста и медиумите деновиве се шпекулира со неколку имиња, како неговиот шеф на кабинетот Тони Јакимовски i началникот на петтата управа Горан Груевски, но и со други имиња со кариери во структурите на МВР.

Од друга страна, се шпекулира дека оставката на Мијалков може воопшто да не биде прифатена, а во таа насока одат и барањата на поддржувачите на владејачката гарнитура. Во изминатиот период членовите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, професори и аналитичари јавно бараа премиерот Груевски да го задржи Мијалков на чело на УБК, но од луѓето од власта досега не стигна конкретен одговор или изјава што би го потврдило ваквото решение.

Сашо Мијалов си даде оставка во иста вечер со Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески. До премиерот пиша дека оставката е во интерес на Македонија, со цел да помогне во надминување на политичката криза, која, како што наведе, ја наметнала опозицијата со своето недржавничко однесување.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О