
Сликата која го обиколи и згрози светот е онаа на која споменатиот милијардер, кој себеси сака да се нарекува “Candyman”, води две девојки на поводник како кучиња. Една од нив две, со русата коса, е Кристи која успеала да побегне од тој живот и понижување.

Кога родителите на оваа девојкаја виделе фотографијата, со солзи ја молеле да ги извлече внучињата, односно нејзините деца од тоа ужасно окружување. Кога “Candyman” дознал дека нејзините родители се револтирани, на Инстаграм објавил семејна фотографија со децата. „Постои една работа која ми е поважна од лудите забави, а тоа се моите деца и семејството. Јас сум заштитник и пример“, напишал тој покрај фотографијата.

„Го сакав, но потоа публицитетот стана многу голем и го промени. А ме промени и мене. Сфатив дека е шовинист и нарцис и манипулатор и не сакав да имам ништо повеќе со него. Луѓето мислат дека станува збор за пари, што не е точно затоа што не добив ништо“, раскажува оваа девојка.

Инаку, во таа куќа цело време живееле и четирите деца, две кои ги добил со Кристи, а две со друга жена Теш.