Клопчето се одмотува: Прв “паѓа” зетот на Трамп?

Сопругот на Иванка Трамп кој е и висок советник на претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно, е на листата на лица кои се под истрага за врските со Русија.



Како што пренесуваат светските медиуми, Џерен Кушнер е „човек од голема доверба” и е ​​меѓу луѓето кои истражителите сакаат да го сослушаат.

Магазинот New Yourk наведува дека “лицето за кое постои интерес”, е 36-годишниот Кушнер, кој во моментов е со таткото на неговата сопруга во Саудиска Арабија, на првото патување на Трамп како претседател на САД.



Washington Post додава дека е под истрага лице кое е блиско со претседателот, но не го објавува идентитетот, иако на сите им е јасно дека такви луѓе околу Трамп има многу малку.

“Тоа е Џеред Кушнер. Имам потврда од четири извори. Не се шпекулира”, напиша соработникот на магазинот New Yourk Јашар Али.



Коментар од Белата куќа, но исто така и од страна на организацијата на Трамп, засега нема. Сепак, Вашингтон и претходно потврдуваше дека Кушнер бил во контакт со руските официјални лица, како и јавниот обвинител Џеф Сешанс и државниот секретар Рекс Тилерсон.

Истрагата за врските меѓу Москва и тимот на Трамп за време на кампањата за претседателските избори, по разрешувањето на директорот на ФБИ Џејмс Коми ја започна втората фаза. Сега на чело на тимот за истрага е поранешниот директор на ФБИ, Роберт Милер.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О