Фото бомба: Ако малку подобро ја погледнете оваа фотографија, ќе забележите еден многу познат политичар!



Матурантите од Ванкувер имале навистина интересна и непланирана средба со еден од моментално најпопуларните политичари на светот.

Невообичаената средба е забележана со фотоапарат, иако на прв поглед и не е воопшто очигледно за кого точно се работи.

Ако малку подобро погледнете, зад матурантите во црни костуми и девојките во гламурозни фустани трча еден човек. А тој човек не е ниту помалку, ниту повеќе, туку токму канадскиот премиер Џастин Трудо.



Додека се подготвувале да позираат за фотографија којашто ќе им остане како спомен до крајот на животот, Трудо случајно се појавил, а кога едниот од учениците го забележал, сите започнале да му мафтаат и да го повикуваат да дојде и да се фотографира со нив. Сосема очекувано, Трудо на кратко го прекинал својот тренинг и позирал со матурантите.

Инаку, познато е дека канадскиот премиер активно се занимава со спорт, па не е никаква реткост неговите сограѓани да го сретнуваат на џогирање или на јога во природа.

Во месец август 2016-та година, во текот на летувањето, тој е снимен на плажа во Британска Колумбија, како стои зад невеста којашто во тој момент се подготвувала за венчавка на плажа, а истиот тој месец едно канадско семејство наишло на него додека посетувале пештера во паркот во Квебек.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О