Три турски компании од областа на медицината ќе инвестираат во Македонија, а вкупната
инвестиција ќе биде 50 милиони евра и ќе отвори 600 нови работни места, од кои 350 во првата година од работењето.
Својата намера за инвестирање во Македонија ја изразиле на средба со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Висар Фида, во Анкара.
“Станува збор за компанијата Матек, која ќе инвестира околу 15 милиони евра во Македонија и ќе вработи околу 200 лица, компанијата Истем медикал која планира да инвестира околу 20 милиони евра и да вработи околу 250 лица и компанијата Тотал која исто така планира да инвестира околу 15 милиони евра и да вработи околу 250 луѓе. Сите три компании се од медицинската техника и ќе инвестираат во зоната Бунарџик во Скопје“, изјави директорот на Агенцијата Висар Фида.