За оние кои се’ уште се запрашуваат како супермоделите остануваат суперслаби, поранешната уредничка на австралиското издание на магазинот Вог, Кристи Клементс, напишала книга наречена „Факторот Вог“ (The Vogue Factor), во која ја отворила Пандорината кутија.
Клементс минатиот мај добила отказ после речиси 25 години работа во Вог, а потоа ја напишала оваа книга во која открила некои тајни на моделите: помеѓу останатото, и шокантното признание дека манекенките јадат шамивчиња од хартија за да ја „залажат“ гладта. Тие често завршувале на инфузија и толку се слаби од неухранетост што едвај ги држат очите отворени.
Таа објаснила дека категориите за слабост во модниот свет се „слаба“ и „париски слаба“.
Авторката на контроверзната книга вели дека еднаш поминала три дена на снимање со манекенка која цело време не јадела ништо и која на крај едвај ги држела очите отворени.