Северна Кореја утрово соопшти дека нејзината војска добила дозвола со помало, полесно и разновидно нуклеарно оружје да ги нападнат Соединетите американски држави, додека Вашингтон соопшти дека заштитата на регионот ќе биде зајакната со распоредување на противракетен систем на островот Гуам во Пацификот.
“Немилосрдните операции“ на севернокорејските сили се конечно испитани и одобрени, се наведува во соопштението од властите на Пјонгјанг, кое го објави Корејската централна новинска агенција, а пренесе Макфакс. Во него се вели дека војната може да почне денеска или утре.
Војската на Северна Кореја наведува дека има дозвола за неутрализирање на американската “агресија“ со помош на моќни, практични воени средства на отпор коишто вклучуваат и атомско оружје.