Северна Кореја донесе одлука за напад на САД


Ситуацијата на корејскиот полуостров е се потензична откако портпарол на Генералштабот на армијата на Северна Кореја соопшти дека е дадено зелено светло за напад врз САД. 
 
Властите од Северна Кореја сметаа дека оваа нивна акција е реакција на заканите од САД и за тоа и формално ќе ја информираат Владата во Вашингтон, стои во соопштение на Пјонгјанг беше објавено на сервисот на англиски јазик на севернокорејската новинска агенција КЦНА.
 
Раководството во Пјонгјанг веќе им се закани на САД со превентивен нуклеарен напад и соопшти дека се наоѓа во воена состојба со Јужна Кореја. 
 
-Разузнавачките служби на САД и Јужна Кореја имаат информации за предислоцирање на ракета со среден дострел на брегот на Јапонско Море, изјавија владини извори во Сеул.
 
САД потоа во регионот испратија воени бродови и авиони невидливи за радари, а вчера беше соопштено дека на островото Гуам во Пацификот во наредните недели ќе стационираат систем за противракетна одбрана.
 
Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел изјави дека дел од последните гестови на Северна Кореја претставуваат “реална и јасна опасност“. Тој истакана дека доколку Северна Кореја реши да нападне, нејзини мети се Гуам, Хаваи, па дури западниот бред на САД. 
 
Воени експерти се сомневаат дека Северна Кореја располага со технички средства за напад врз територијата на САД. Но, според експертите, можен е севернокорејски напад со ракети со среден дострел врз американските трупи во Јужна Кореја или воените бази во Јапонија. Освен тоа, Пјонгјанг со своите ракети може да достигне цели во цела Јужна Кореја.
 
Севернокорејските ракети од типот „Мусудан“ имаат достреел од над 3.000 километри, што и овозможува на Северна Кореја да достигне цели на територијата на Јужна Кореја и на Јапонија. Не е исклучено тие да можат да достигнат и до тихоокеанскиот остров Гуам, кој е под контрола на САД.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О