На база на податоците на канадското министерство за надворешни работи, била направена карта на која е прикажан ризикот за патување во одредени земји. Најопасни се Авганистан, Судан, Иран, Ирак...
По неодамнешните напади во Бразил и Индија, Канаѓаните направиле карта која ја прикажува опасноста од патување во одредени земји, на база на податоците на нивното министерство за надворешни работи, пренесува BBN.
Според картата, Македонија е сигурна земја, во Албанија треба да избегнувате патување на некои места, додека во БиХ треба да бидете претпазливи. Се препорачува да не се патува во Авганистан, Судан, Иран, Ирак.
Доколку сте во Бразил, мора да бидете "многу внимателни", бидејќи е зголемен бројот на силувања, па Канаѓаните се загрижени за сигурноста на туристите за време на Светското првенство во 2014 и на Олимпијадата две години подоцна. Туристите во Индија треба да избегнуваат одредени места.
На Американската црна листа се Израел и Мексико, но не и Бразил, иако има една од највисоките стапки на убиства по глава на жител.