Ваков орален секс ја спасува секоја врска

Да, знаеме што веднаш помислувате кога некој ќе спомне орален секс, но овој пат оралниот секс всушност е разговор за сексот.
Познатиот сексолог Трејси Кокс истакнува дека многу парови имаат лош сексуален живот само затоа што никогаш не разговараат за сексот. А зошто не разговараат? Затоа што не знаат! Ако и самите имаат ваков проблем, тогаш добро ќе ви дојдат следниве совети.

Нека започне разговорот

Да, ќе морате на партнерот или парнерката да му/и’ кажете:

„Отсега па натаму постојано ќе разговараме за сексот“.

Значи, морате навистина да разговарате, а започнете така што прво ќе ги утврдите правилата. Еден на друг ветете си дека нема меѓусебно да се осудувате и дека ќе бидете отворени за се’ и полни со поддршка еден за друг.

Секој од вас мора да знае што сака. Со што сте незадоволни? Во што уживате? За што сонувате? Размислете добро за тоа, а потоа споделете го со партнерот или партнерката. Бидете тоа што се и секако кажете „не“ на она што не сакате да го пробате. Објаснете му на партнерот дека тоа едноставно не е ваш стил. Морате да го правите само она што ви е пријатно.


А сега – акција!

Кажете и покажете му на партнерот кои се вашите „врели точки“. Нормално, прво тоа морате и самите да го знаете. Каде сакате да ве допира? Кои се вашите ерогени зони? Пронајдете ги, а потоа информирајте го партнерот за тоа. Нека и тој на вас ви каже каде сака да биде допиран.

Еден со друг редовно делете си комплименти. Тоа ќе ја крене самодовербата и на двајцата, а нема подобар афродизијак од самодовербата.


Ако партнерот воведува во кревет некои нешта кои ви се непријатни, кажете му го тоа и престанете тоа да го правите. Но немојте да го спречите пред да пробате. Можеби ве блокира само срамот, а всушност уживате...

Хранете ја својата желба. Читајте еротски книги, гледајте и порно филмови, сонувајте за идеалниот секс... Сето тоа ја одржува желбата будна.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О