Заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска денеска од Прилеп
порача дека реакциите на ВМРО-ДПМНЕ околу апсењето на претседателот на
Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ покажале дека биле во право,
дека целиот случај е воден од една и единствена цел , ВМРО ДПМНЕ да си
го превземе Советот под своја контрола.
„ Желбата е да се добие
мнозинството во Центар и да се рекомпонира Советот.Таму каде што не
успеаја да со Пустец сега се обидуваат да профитираат со полициски
акции.Истрагата треба да продолжи и ние како СДСМ нема да се мешаме . Ни
како што СДСМ не смее да биде суд, не смее ни ВМРО-ДПМНЕ да биде
суд.МВР не смее да одлучува кој е виновен а кој не во оваа Република
Македонија. Ако сакаат да докажат дека целта била правната држава а не
политиката, ова беше погрешна одлука“, изјави Шеќеринска.
Власта, рече, очигледно се плаши од се поголемиот број документи кои
излегуваат на површина и покажуваат криминал и корупција, не само за
„Скопје 2014“, туку и за многу бизнис релации и бизнис интереси од врвот
на власта
„ Можат еден по еден да ги апсат и советниците и сите нас .
Но ние нема да престанеме .Секој ден ќе излегуваме со овие документи“,
изјави заменик претседателот на СДСМ.
На крајот, посочи Шеќеринска, вистината ќе излезе на виделина.