Никол Шерцингер се посрамоти на црвениот тепих (видео)

Пејачката и членка на жирито во шоуто X Factor, Никол Шерцингер, се посрамоти на црвениот тепих откако новинар ја замоли за коментар за пакистантското девојче Малала Јусафзаи.
Никол во понеделникот пристигнала на црвениот тепих на бритсканките доделувања на наградите „Pride Of Britain“ која им се доделува на луѓето кои се истакнале со својата храброст.

Репортерот совршено дотераната Никол во еден момент ја запрашал да ја прокоментира неверојатната храброст на 16-годишната Малала, која талибанците ја застрелаа во главата и вратот затоа што се залага за право за школување.
Никол не можела да се сети за кое девојче станува збор.



А всушност, малата Малала беше најголемата ѕвезда на доделувањето на „Pride Of Britain“ наградите. Наградата инаку и ја додели Дејвид Бекам.
„Не ја знам приказната баш добро. Дали е таа…?“, ниако не можела да се сети Никол, а потоа новинарот ја информирал за кого всушност се работи.



Но, и покрај ова незнаење, Никол имала многу зборови за благодарност за луѓето кои со својата храброст ја здружиле средината во која живеат и за оние кои се истакнале како неверојатно пожртвувани поединци.
Како се снашла Никол на црвениот тепих, погледнете во следното видео.
Моментот во кој одговара на поставеното прашање за Малала е на 50-тата секунда од ова видео.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О