Над Балтичкото море, покрај леталото за извидништво RC-135 на војската на САД, прелетал руски воен авион Su-27, што Пентагон го видел како провокација од страна на Русија, пренесуваат странските медиуми.
Според соопштението на Пентагон, американскиот авион летал на својата вообичана рута, додека рускиот ловец прелетал толку блиску што замалку не дошло до судар.
- Во утринските часови на 7-ми април, американскиот RC-135 се движел по својата вообичаена рута низ меѓународниот воздушен простор кога го пресретнал рускиот Su-27 на потполно небезбеден и непрофесионален начин, пишува во нивното соопштение.
САД ова го окарактеризираа како инцидент, поради што ја контактираа и руската страна и тоа преку "одговарачки и официјални канали".
Тие соопштија дека рускиот "Сухој" прелетал на само шест метра од невооружениот извиднички авион.
- Се работи за арогантен маневар, кој ги загрозил животите на луѓето кои се наоѓале во авионите, оценува Пентагон.
Според пишувањата на медиумите, RC-135 бил на задача да ги надгледува руските воени позиции на западот на земјата.