Рускиот претседател Владимир Путин се најде на првото место меѓу светските лидери на листата највлијателни луѓе, што ја објави списанието Times, врз основа на анкета на читатели.
Според првичните резултати од гласањето, рускиот лидер добил 6,9 отсто од гласовите. Папата Франциско доби 1,5 отсто, Барак Обама е на 11 место со 1,4 отсто, додека кинескиот претседател и германската канцеларка Ангела Меркел не влегоа меѓу првите 20, бидејќи освоија само 0,9 отсто од гласовите.
Конечните резултати од јавното гласање ќе бидат објавени во понеделник, додека изборот на уредниците на Times ќе биде претставен на 16 април.
Претходно во ноември 2014 година, Путин по втор пат по ред се најде и на врвот на листата највлијателни луѓе, што ја објави американското списание Forbes.