Нов холивудски пар: Дали со фотографијата конечно ја потврдија врската?

Обожавателите „збудалеа“ откако младиот пејач ја објави оваа фотографија на Инстаграм, некои од среќа, некои од бес.

Веќе некое време се зборува за тоа дали популарниот пејач Џастин Бибер и манекенката Кендал Џенер се во врска.

Откако Џастин на својот профил на Инстаграм објавил прилично интимна фотографија од него и помладата сестра на Ким Кардашијан, настана вистински „хаос“ околу тоа дали младите ѕвезди се или не се заедно.


Иако досега многу пати се видени заедно во друштво, фотката која ја објави Џастин сведочи дека измеѓу овие млади ѕвезди постои хемија.

Една личност би била особено среќна ако се покаже дека гласините се точни.

Имено Крис Џенер, мајката од Кендал, едноставно го обожува Џастин и има само пофални зборови за него. За нејзината љубов кон младиот пејач можеби придонесува и фактот дека Џастин е „тежок“ 200 милиони долари.


Сите знаеме дека парите се „лепат“ за пари. Сега уште преостанува да се дознае од прва рака што навистина се случува измеѓу Кендал и Џастин.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О