Расправијата во локал во Тетово која прерасна во престрелка ја одзема првата жртва. Еден од повредените им подлегна на повредите на ургентниот центар во Скопје.
На престрелката и претходела рсправијa во локалот меѓу група граѓани со албанска националност, по што еден од нив го напуштил локалот. 20-тина минути подоцна тој се вратил и отворил оган од калашников кон локалот. На тоа му било возвратено со оган, при што се повредени 8 лица од кое едното им подлегна на повредите.
Расправии поради девојка најверојатно се причините за вечерашниот инцидент во тетовското кафуле Бар Код во кој едно лице е убиено, а четворица се повредени, шпекулира тетовската чаршија. Според неофицијални и се уште непотврдени информации кои кружат во Тетово, убиецот е од селото Боговиње, пишува Прес24.
Убиениот и повредените се млади лица од албанска етничка припадност на возраст меѓу 20 и 25 години. Расправијата во кафулето избила поради девојка, а продолжила надвор по што едно лице, чиј идентитет се уште не е познат, извадило пиштол и почнало да пука. Во пукотниците погодени се 5 лица. Две лица имале посериозни повреди и префрлени се во Ургентниот центар во Скопје, каде пред малку, едно од нив им подлегна на повредите. Неофицијално, меѓу повредените, еден е син на познат лик од тетовското подземје.