Седум знаци со кои телото ви порачува дека сте под стрес

Дали имате бели точки на ноктите или проблеми со непцата? Нутриционистката Шарлот Ватс открива кои знаци телото ги покажува кога организмот се наоѓа под стрес и која храна може да помогне за да се воспостави рамнотежа.

„Стресните периоди побрзо ги трошат хранливите состојки бидејќи целиот организам, од мозокот, хормоните и имунитетот, работи на побрзо и повисоко ниво“, објаснува таа за Daily Mail.

Во книгата „The De-Stress Effect: Rebalance Your Body’s Systems for Vibrant Health and Happiness“ таа открива седум знаци што укажуваат дека организмот се наоѓа под стрес и како тоа да се надомести.

1. Испукани краеви на устата

До оваа појава доаѓа поради недостаток на витамин Б, особено на витамин Б6. Витаминот Б е важен за здравјето на нервниот систем, но и за добивање на енергија од јаглените хидрати, мастите и протеините од храната.

Може да се надомести ако јадете морков, пилешко, јајца, риба, месо, грашок, спанаќ, семки од сончоглед, авокадо, банани, компир, брокула, зелка и пченка.

2. Шкрипење со вилицата

Причината за ова е недостаток на витаминот Б5 кој често се нарекува антистресен витамин бидејќи помага во производството на хормони на надбубрежната жлезда и холестеролот. Долгорочниот стрес се изразува преку шкрипење на вилицата и шкрипење на забите, делумно затоа што во текот на стресот се грчат повеќе мускули на лицето.

Храна што се препорачува: говедско месо, јајца, свеж зеленчук, печурки, морска риба, црн дроб, ореви.


3. Бели точки на ноктите
Иако белите точки на ноктите најчесто се поврзуваат со недостаток на калциум, всушност тие се индикатор за недостаток на цинк во организмот. Цинкот е важен за имунитетот и производство на хормони, меѓу кои се инсулинот и половите хормони.

Храна што се препорачува при недостаток на цинк: риба, месо, семки од сончоглед, јаткасти плодови, морска храна.

4. Запек и дијареа

До ова доаѓа поради недостиг на магнезиум, важен минерал за целиот организам. Го трошиме во голема количина кога сме под стрес и кога јадеме храна со шеќери. Опуштањето на мускулите и мозокот по стресот зависи од магнезиумот.

Храна богата со овој минерал: Ореви, соја, темнозелен зеленчук, моркови, грашок, сладок компир, семки од сончоглед, леќа, авокадо, риба , месо.


5. Крварење на непцата

Чувствителните непца укажуваат на недостиг на витамин Ц, кој е антиоксиданс и е потребен за најмалку 300 метаболички функции во организмот. Помага во создавањето на антистресниот хормон, интерферон, потребен во производството на колаген.

Храна богата со витамин Ц: зелен зеленчук, авокадо, брокула, диња, манго, кромид, ананас, спанаќ, јагоди, домати.

6. Тврди мозолчиња на рацете и нозете

Се создаваат поради недостаток на витаминот Е, кој ги штити масните телесни површини и е потребен за плодност. Овој витамин помага и кај циркулацијата, нормалното згрутчување на крвта, крвниот притисок и подобро производство на сперматозоиди.

Храна богата со витамин Е: Темнозелен лиснат зеленчук, ореви, житарки, јајца, млеко, соја, сладок компир.

7. Чести воспаленија на грлото и инфекции на респираторниот систем

Воспаленијата може да се предизвикани од недостаток на витамин А, неопходен за ноќниот вид.

Храна што се препорачува: црн дроб, рибино масло, црвено и жолто овошје и зеленчук како брокула, морков, тиква, црвени пиперки, кајсии, папаја, праски, спанаќ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О