Јужнокорејската компанија Samsung очекува рекордна испорака на својот нов паметен телефон Galaxy S6 и порачува дека поради производствените ограничувања тешко ќе можат да одговорат на побарувачката за верзијата со свиткан екран.
Samsung во огромна мерка сметка дека телефоните Galaxy S6 и S6 Edge, кои добија позитивни коментари од оние кои ги пробаа, ќе го поттикнат растот на продажбата и профитот во мобилниот сектор.
Двата нови уреди на Samsung утре, ќе бидат комерцијализирани во 20 земји.
Јужнокорејската компанија соопшти дека можеби нема да може краткорочно да одговори на побарувачката за моделот со закривен екран, бидејќи е потежок за производство.
-Некои оператори во мобилната телефонија ги менуваат своите порачки за да добијат голема количина на модели S6 Edge и изгледа дека побарувачка за тој модел ќе биде поголема од понудата во текот на целата година. Тоа значи дека просечната продажна цена ќе се намалува со намален ритам, што генерално гледано, позитивно ќе влијае и на Samsung – прокоментира аналитичарот од компанијата HMC Investment, Грег Рох.