На дечко му паѓа кокаин, погледнете ги реакциите.

Јутб каналот кој бележи неколку успешни скриени камери до сега овој пат објавува ново видео. Погледнете го!


ПОГЛЕДНЕТЕ ГО И :

Со ваква футрола, вашиот Samsung Galaxy S6 ќе стане уште подобар!

Се работи за футролата Offgrid која што ги решава двата најголеми недостатоци на актуелниот Samsung Galaxy S6 - дополнителна меморија и поголем капацитет на батеријата.

Со оглед на фактот дека промената во дизајнот на паметниот телефон Samsung Galaxy S6 донесе помала батерија и го отфрли слотот за мемориска картичка, футролата Offgrid на компанијата Incipio ќе ги реши токму овие проблеми.





Всушност, футролата Offgrid во себе содржи дополнителна батерија како и слот за microSD мемориска картичка.

Футролата му овозможува на корисникот да избира помеѓу мод за полнење или мод за употреба на дополнителната меморија во вид на мемориска картичка со капацитет до 128 GB.




Дополнителната батерија има капацитет од 3.700 mAh, a компанијата Incipio тврди дека таа трае двојно повеќе во однос на батеријата во самиот Galaxy S6. Футролата ја поддржува и технологијата на Samsung за брзо полнење, а таа функционира и со Galaxy S6 Edge моделот.

Offgrid футролата чини 89 долари и може да ја погледнете тука.

Најголемото модно промашување до сега: Зарем вака се оди на театар?

Кендал и Кајли Џенер отсекогаш воделе грижа за нивниот стил. Особено кога се појавуваат заедно. Во неделата тие се појавија во Холивуд на претставата "Фантом од операта", а за оваа прилика тие ги вклопија и своите модни вкусови.


Кендал (19) се појави во бел комбинизон кој се шири од половината надолу. Својата манекенска фигура убавицата речиси секогаш знае како ја потенцира, но овој комбинизон ги доведе до израз сите нејзини атрибути.


Таа ги откри своите рамена и затегнати раце, а како аксесоар понесе мала чанта со релјефен дизајн налин на крокодилска кожа, со впечатливо закопчување.


Кајли (17) пак се појави во комбинација од краток шорц и палто во црно-бела боја, кој иако совршено ѝ прилегаше, сепак како таков, шорцот не е соодветен за вакви случувања.


Откриените нозе дефинитивно никогаш не одат во комбинација со театарските претстави. Од аксесоари, Кајли понесе само златни бразлетни и часовник.

Продолжува поевтинувањето на горивата - еве за колку

Малопродажните цени на бензините се намалуваат за еден денар по литар, додека цената на дизелот се намалува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, литар еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 70,5 денари, додека литар еуросупер БС-98 по 72,5 денари.

Новата цена на еуродизелот изнесува 53 денари за еден литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 41,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,627 ден/кг, со што новата цената изнесува 25,691 денари за еден килограм.


Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 56,587 долари/барел и е за 3,46 отсто пониска од просечната цена по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во наведениот период изнесуваше 56,1500 ден/за долар и е за 0,879 % повисок од курсот по кој беа формирани цените.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот 14-то дневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 5,73 отсто, кај дизелот намалување во просек за околу 4,34 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 5,75 отсто, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување, се вели во образложението на регулаторите.

Скандал во Британија: Соработник на Тони Блер консумира кокаин во друштво на две проститутки!

Заменик шефот на Горниот дом на парламентот, 69-годишниот Џон Сјуел, оргијал во Лондон. Поради аферата поднел оставка.

Британскиот лорд, 69-годишниот Џон Сјуел, заменик претседател на Горниот дом на парламентот и некогашен соработник на Тони Блер, бил снимен како шмрка кокаин со проститутки, што претставува уште еден во низата скандали на угледните Британци со "сина крв".

Ексклузивните снимки на кои лордот консумира кокаин во присуство на разголените жени, ги објавил британскиот таблоид Sun.

На нив се гледа како Сјуел на масата во својот стан во лондонски Долфин Сквер, консумира голема количина од белиот прашок. За сè да биде поскандалозно, непосредно пред да почне да се дрогира, лордот ја свртел фотографијата од својата сопруга Џенифер Сјуел, за да "не го гледа". Откако аферата била обелоденета, Сјуел поднел оставка.
Скандалозното видео го прикажува угледниот парламентарец како гали и соблекува две проститутки. Во еден момент, тој паднал на колена пред едната од нив и рекол: "Сакам само да ме заведете".

Камерите го фатиле и како вели дека би било убаво да поканат и некоја азиска проститутка, бидејќи тие изгледаат невино и расипано.


Инаку, иронија е што скандалот со лорд Сјуел дошол само неколку дена откако тој заHuffington Post изјавил дека како јавна личност мора да води сметка за да не е дел од скандалите. Неговиот случај отворил расправа во Британскиот парламент, за правилата на однесување на членовите на таа угледна институција.


Едната има 19, а другата двојно повеќе: Која од овие две дами е ќерката на Ерос Рамацоти, а која е нејзината мајка?

Пред точно 19 години, Мишел Хунцикер за прв пат стана мајка и му ја роди малата Аурора на славниот италијански пејач и заводник. Таа сега има три ќерки, од кои најмладата има сè на сè само четири месеци – но трагите на нејзиното тело воопшто не се забележителни. Аурора и Мишел денес изгледаат како да се врснички.

Аурора (лево) има 19 години, а и покрај тоа што може да се пофали дека нејзината мајка дефинитивно ја пронашла формулата за вечна младост, исто така има татко кој што го обожуваат жените ширум светот – Ерос Рамацоти.



Мишел Хунцикер, по потекло од Швајцарија, се омажи за Ерос во 1998-мата година и така стекна и италијанско државјанство. Таа тогаш се занимаваше со манекенство, а потоа и со глума, пеење и новинарство – и во текот на целиот живот ја следи епитетот најзгодна жена.

Таа тоа го покажа и ова лето, кога со својата ќерка го посети италијанското крајбрежје и се соблече во костим за капење, после само четири месеци од породувањето. Мишел и понатаму има тело како пред 19 години, кога го запозна Рамацоти.


Аурора, од друга страна пак, исто така може да се пофали со извајано тело. Таа и нејзината мајка имаат исклучително близок однос, па прегратките во вода не се воопшто чудна појава. Иако многу тинејџерки се срамат од своите родители, Аурора очигледно нема причина за такво нешто.


Иако Мишел после разводот од Ерос во 2002-рата година повторно се заљуби и омажи, таа и нејзиниот поранешен сопруг се сè уште во добри односи.

Таа е сега во брак со Томас Трусарди со кого има и две ќерки, а Аурора е вистинска голема сестра и често се дружи со нив.


Инаку, Аурора е вистинска кралица на друштвените мрежи и постојано објавува фотографии со родителите – но умее понекогаш да направи и по некој гаф, па нејзиниот татко мора да се вмеша за да ја реши ситуацијата.

Таа им е исклучително посветена на друштвените мрежи, но неодамна започна и кампања против зависностите од друштвени мрежи под хаштагот #SocialGeneration.


А кога не ужива на рајски плажи со нејзината мајка – таа ужива со својот татко.

Телефони со уникатни карактеристики

Продолжуваме со нашата листа на телефони кои имаат една или повеќе карактеристики што не ги поседува ниеден друг модел на светот...



PANTONE 107SH

Овој уред, произведен од јапонскиот SoftBank, поседува вграден Geiger сензор, а со тоа корисниците може да видат информации за нивото на радијација во реално време. По нуклеарната катастрофа во Fukushima Daiichi во 2011-та, нормално е Јапонците да посакуваат ваков телефон.




Amazon Fire Phone

Првиот паметен телефон на Amazon беше огромен неуспех на пазарот, но понуди нешто сосема ново - динамична перспектива. Телефонот поседуваше 4 вградени инфраред камери на предната страна, кои го пратеа движењето на вашата глава за да создадат еден вид на 3D ефект.


LG G Flex 2

Овој модел (поточно неговиот претходник) е првиот на пазарот со заоблен и флексибилен екран. Покрај тоа, задното куќиште е изработено од специфична мешавина на смола, со што самото може да се регенерира од помали гребаници.


Samsung Galaxy Round, S6 edge и Note Edge

Кога веќе зборуваме за заоблени екрани, не можеме да ги изоставиме овие три модели. Note Edge е првиот телефон на пазарот со заоблен екран од десната страна, додека пак Galaxy S6 Edge поседува заоблен екран од двете страни.

Девојко, што ти ѕирка од ранецот?!

Оваа непозната девојка прерасна во вистинска интернет сензација откако случаен минувач во Лондон ја фотографирал од зад грб додека таа чекала превоз.

Она што е интересно, е предметот кој ѕирка од нејзиниот ранец...

Се чини дека се работи за црвен вибратор кој личи како срамежливо да ѕирка низ патентот.
До сега фотографијата на Фејсбук успеа да заработи повеќе од 700 лајкови како и бројни коментари низ кои што луѓето се обидуваат да откријат за што точно станува збор.

Што мислите вие, каков е овој мистериозен срамежлив предмет?

Преживеал удар од гром и добил милион долари на лотарија

Канаѓанецот Питер Мекети може за себе да каже дека доживеал нешто невозможно – преживеал удар од гром и добил лото премија, пренесе весникот „Вашингтон пост“.


„Искрено, повеќе очекував уште еднаш да ме погоди гром“ – изјави овој среќник, кој минатата недела дознал дека добил милион долари на лото. Добивката ќе ја подели со Дајан Милер, која е вработена во продавницата на Мекети, бидејќи подолго време заедно уплатуваат лото ливчиња.

Громот го погодил кога имал само 14 години додека се обидувал да го извади чамецот со кој пловел на копното, а слично непријатно искуство имала и неговата ќерка пред неколку години.

Шансите вас и вашата ќерка да ве погоди гром и да добиете премија на лото се еден спрема 2.600 милијарди, пресметала на молба на „ABC”, Софи Легер, професорка на Универзитетот Монктон.

„Тоа е скоро невозможно, но сепак се случило. Тоа ни кажува дека во животот сепак се возможно“ – изјави професорката.

Мекети изјави дека својот дел од добивката планира да го потроши на своето хоби – готвењето, а неговата вработена Дајан Милер изјави дека нема намера да ја напушти работата а парите ќе ги потроши на одмор и патување.

Како магија: Ќе се шокирате кога ќе видите како изгледала Јелена Ѓоковиќ пред точно четири години!

Светските тенисери го прославија со свечена вечера завршувањето на Вимболдон, а сопругата и вечната поддршка на Новак Ѓоковиќ, Јелена, повторно беше во центарот на вниманието.

Госпоѓа Ѓоковиќ изгледаше заносно во цветниот фустан, а многу странски медиуми искоментираа дека и на 29 години изгледа како "девојченце". 


Кога пак, ќе видите како изгледала Јелена пред четири години, кога Новак за прв пат го освои овој гренд слем, нема да може да им поверувате на сопствените очи – таа изгледа сосема исто!


Јелена е позната по својот природен изглед и убавината за која не е потребна никаква шминка. Поради тоа странските медиуми често ја нарекуваат "девојка од сосетството". Но, не е ни чудо, бидејќи изгледа како времето да не ѝ може ништо!

Ако може да им се верува на фотографиите, 29-годишната сопруга на тенискиот ас за четири години не остарела ниту еден единствен ден!


Кога ќе ги погледнете старите и новите фотографии, сличноста е толку голема, што ќе ви се причини дека се работи за истата вечер, освен што првата настанала на прославата на овогодинешната титула, а наредните пред четири години, поточно во 2011-тата година.


На свежината и убавината на избраничката на Ѓоковиќ очигледно ништо не влијаело, па дури ни тоа што во меѓувреме таа стана мајка. Напротив! Новак денес има 28 години, а Јелена има 29, меѓутоа, тие и понатаму изгледаат како тукушто да влегле во своите дваесетти!

Возрасни реагираат на “10 години Јутуб„

Јутуб каналот “Fine Brothers„ поставија уште едно видео на нивниот канал, овој пат возрасните реагираат на 10 години постоењето на Јутуб.

Sony Xperia Z5 ќе биде новиот телефон на Џејмс Бонд

Sony Mobile ќе продолжува да го снабдува со мобилна технолгија најопасниот таен агент на светот Џејмс Бонд и во најновото филмско продолжение Spectre токму Xperia Z5 ќе биде главниот телефон. 


Sony Xperia Z5 според плановите ќе пристигне во текот на септември како главен адут во премиум понудата со Quad HD дисплеј, осум-јадрен Snapdragon 820 процесор, 4 GB RAM, 21 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 3300 mAh и најновата верзија на Android оперативниот систем. Премиерата на Spectre е закажана за 6 ноември.

Со стил и на плажа



Костимот за капење е неизоставен дел од летниот стил на плажа, основа врз кој се надоврзуваат останати модерни парчиња кои допринесуваат за есктра стил додека сте на летување. Што се вие потребно за добро осмислен beach style!? Прво и основно бикини или едноделен костим за капење со модерен принт или со крој што одговара на вашата градба. На ова додавате туника, маичка и шорцеви или некој друг модел како горен дел потребен додека одите на плажа или се релаксирате во лаунџ-бар, потоа сламена шапка, сандали, очила за сонце, голема торба… Еве идеи за инспирација.

















Пет лесни начини како да се ослободите од стресот

Борбата со стресот е еден од најголемите проблеми на модерниот човек. Иако стресот не може целосно да се елиминира од животот, постојат начини на кои може да се контролира.



Mashable направи листа со неколку начини како може да се борите со стресот инспирирани од пораките од пет светски познати луѓе меѓу кои се и Барак Обама и Стив Џобс.

1. Поминувајте време со луѓето што ви значат

Поминувањето време со луѓето што ви значат ви дава можност да заборавите на стресот, да се отпуштите и уште еднаш да проверите која е причината за проблемот. Со нив може да разговарате за тоа што ве мачи и да процените дали вреди да вложувате енергија и чувства во она што ви создава стрес.

2. Бидете малку офлајн

Ова често се спомнува како еден од начините за справување со стресот, бидејќи ако се исклучите од онлајн случувањата ќе имате малку повеќе време за себе. Иако може да биде тешко, обидете се барем кратко време да бидете подалеку од технологијата.

3. Одете на некое тивко место

Понекогаш најдоброто нешто што може да го направите во моментите кога имате премногу нервози е да одите на некое место каде што ќе имате мир и тишина. Дишете длабоко, уживајте во мирот и заборавете на проблемите.

4. Вежбајте или практикувајте некаква физичка активност

Не е тајна дека вежбањето може да ви помогне физички да се отпуштите од стресот, но исто така може да ви помогне и во ослободувањето од стресните мисли. Ако фитнес салата не е место за вас, тогаш обидете се да трчате во парк или да возите велосипед некаде во природа за да се ослободите од негативната енергија.

5. Одвлечете си го вниманието со работи во кои уживате

Ако сте под голем стрес обидете се да се отпуштите со нешто во кое вистински уживате. Тоа може да биде се од читање добра книга, слушање музика или пак готвење на омиленото јадење за некој што ви значи. Овие активности привремено ќе ве отпуштат, а кога ќе завршите ќе се чувствувате порелаксирано.

ВИДЕО: Науката за кучињата

Најдобриот пријател на човекот! Погледнете го следното видео:

iPhone 7 влегува во кривината на Samsung Galaxy Edge

Apple сигурно е една од најтврдокорните компании кога е во прашање дизајнот и наследството на Стив Џобс за совршенство во секој детал, а уште помалку пак се спремни да превземат нешто од конкуренцијата, сетете се дека за поголемиот iPhone 6 беа потребни години.



Затоа сега главната дилема е дали Apple ќе ја прифати фрлената ракавица од Samsung и ќе лансира заоблени дисплеи на новите iPhone смартфони. Според најновите информации LG добил голема зделка вредна околу 1 милијарда долари за развој на флексибилни и закривени екрани кои во голема мера ќе бидат доставени до Apple.



На овој начин Apple ќе утепа две муви со еден удар, најпрво нема да зависи од Samsung за достава на екрани со што ќе му зададе силен удар, а од друга страна пак ќе воведе голема иновација во дизајнот на iPhone 7 следната година која фановите ќе ја обожуваат. Токму тоа ги инспирираше и првите концепт дизајни за заоблен iPhone 7, па што мислите вие, дали ова е вистинскиот правец по кој треба да се движи Apple.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О