Голем интерес за влез на странски компании

Во моментов осум компании од автомобилската индустрија веќе имаат добиени локации, што е многу значајно со оглед на фактот дека претходно не постоеше ваков интерес за инвестирање во Македонија.

slika-mizooo.jpg-500
Ова во интервју за Курир го вели директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо кој нагласува дека дури и во услови на економска криза и во услови кога пазарот на автомобилската индустрија во Европа претрпе многу негативни влијанија нашата земја успеа да стане конкурентна и да привлече вакви инвестиции, но истовремено, како што вели Мизо, успеавме постојано да сме една од неколкуте земји кои мултинационалните компании ги разгледуваат како нови опции за инвестирање.
Тој нагласува дека она што ние го нудиме, не само што е поконкурентно од локации во Западна Европа, туку многу повеќе од тоа, ние стануваме поконкурентни од земјите во Централноисточна Европа. Според Мизо, она што е многу важно за најавените инвестиции кои ќе се реализираат во наредниот период е што поголем број од овие инвестиции ќе се реализираат во другите градови, што ќе придонесе за поголем регионален развој и дисперзирање на економската база.
Кои инвестиции може да ги очекуваме наскоро, имате ли најава за конкретна соработка со некој инвеститор и од каде?
-Во наредниот период веќе имаме потврда од неколку компании кои одлучиле Македонија да биде нивната следна дестинација. Тоа се две компании од областа на медицинска опрема и медицински материјали кои ќе бидат лоцирани во Скопје, потоа компании од автомобилската индустрија од САД, од кои едната ќе биде лоцирана во зоната во Кичево, а другата треба да биде лоцирана во Источна Македонија, поточно во кочанскиот регион, а тука е и веќе најавената германска инвестиција во Велес. Покрај овие, има и поголем број на други компании од различни земји со кои сме во завршни преговори и кои во есенскиот период треба да донесат конечна одлука. Македонија е во еден круг од две до три земји меѓу кои треба да се донесе конечна одлука. Сметам дека она што е многу важно е што тука немаме само инвестиции кои гравитираат кон Скопје, туку поголем број од овие инвеститори се заинтересирани за другите градови од внатрешноста на Македонија, што е многу важно од аспект на регионален развој и дисперзирање на она што значи економска база. Бидејќи во многу случаи компаниите бараат соодветна структура на работна сила, трошоци за работна сила, што значи дека некои од локациите на ТИРЗ надвор од Скопје во случајов Кичево е најсоодветна локација за нивната компанија.
До крајот на оваа и во текот на нареданата година се очекуваат уште 15-ина инвестиции во Македонија кои се речиси потврдени од компаниите. Идниот месец е најавено влегување на компанија од областа на автомобилската индустрија во технолошко-индустриската развојна зона во Кичево. За колкава инвестиција се работи и колку нови работни места ќе бидат отворени?
-Најавената инвестиција во Кичево ќе биде инвестиција која ќе започне слично како инвестицијата Џонсон Контрол во Штип. Тао значи дека ќе се започне со адаптација на постоечки објект, по што ќе следи обука и тренинг на луѓе, а во меѓувреме ќе се изгради нова гринфилд фабрика во рамките на ТИРЗ Кичево каде што ќе се префрли целото производство. Тоа ќе се случи во текот на идната година, а вкупниот број на вработени таму се очекува да достигне околу 700 луѓе. Ова е една голема мултинационална компанија која своите производи ќе ги пласира на европскиот пазар, бидејќи соработува со голем број европски компании. Во моментов имаме осум гринфилд компании од автомобилската индустрија кои се веќе лоцирани во Република Македонија. Ова е нешто што не постоеше пред шест години. Сега дури и во услови на светска економска криза, европска финансиска криза и во услови кога пазарот на автомобилската индустрија во Европа претрпе многу негативни влијанија успеавме да станеме конкурентна земја и да привлечеме вакви инвестиции, но истовреме активно да сме една од неколкуте земји кои мултинационалните компании ги разгледуваат како нови опции за инвестирање. Морам да кажам дека тука, пред се покрај сите подобрувања на бизнис климата,големо влијание имаат и видот и структурата на работна сила која ја нудиме, како од аспект на трошоците, така и од аспект на квалитетот. Секако тука е сето она што значи однапред дефинирани специфични локации во овие ТИРЗ, каде што самата инфраструктура е веќе подготвена. Од тој аспект многу е важна соработката со државата и помошта која ние ја нудиме при реализацијата на инвестицијата. Тука треба да се напомене дека голема улога има нашето присуство на меѓународните саеми. Присуството значи дека одеднаш стануваме земја која е интересна и автоматски влегуваме на мапата на поконкурентни земји. Она што ние го нудиме, не само што е поконкурентно од локации во Западна Европа, туку многу повеќе од тоа, стануваме поконкурентни од земјите во Централноисточна Европа.
Што е заедничко за сите компаниите кои сакаат да инвестираат во Македонија, кои услови најчесто ги бараат? Кои се пресудни фактори кои ги привлекуваат странските инвеститори да вложуваат во Македонија, даночните поволности, едноставтата постапка за отварање на компанија, ниската цена на трудот...
Многу е интересно што за секоја компанија сетот на критериуми не е секогаш ист, не се поклопува. Тоа зависи од неколку фактори, прво дали се работи за трудоинтензивна или капиталноинтензивна инвестиција, потоа зависи од тоа каде треба да се пласира крајниот производ и дали тој производ оди директно до крајниот производител на автомобили или е некаков вид на компонента која оди во некоја од нивните постоечки фабрики каде сето тоа треба да се склопи во некој краен модул. Од тој аспект големо значење имаат транспортот, далечината до крајниот пазар, цената на работната сила, бенифициите кои се многу важни, но се секогаш пресудни. Исто така, зависи и од тоа со кој земји сме во крајна конкуренција. Со некои земји каде бенефициите постоеле порано, а сега се намалени таму дирекно се споредува квалитетот на работната сила, општата бизнис клима и она што значи целокупни трошоци на работење. Додека со некои други земји каде цената на работната сила за таа инвестиција е пресудна се преговара за друг вид на државна помош. Даноците се многу ниски, имаме десетгодишно даночно ослободување, но мораме да сме свесни дека и други земји од регионот имаат многу ниски даноци. Ова е многу активна борба за секоја инвестиција, таа борба во услови на криза е уште поголема. Транспарентноста која постои денес е многу поразлична од таа пред 10 години. Имено секоја компанија на интернет може да направи длабинска анализа за условите кои ги нуди секоја земја. Така што во многу случаи проактивноста од наша страна е пресудна за ние да влеземе во таа анализа, а не консултанската фирма која ја прави таа анализа да ги земе во предвид само оние стандардни земји.
slika-mizooo2.jpg-500
Британската компанија „Џонсон Мети“ веќе започна со пробно производство во вториот погон во фабриката во Бунарџик. Дали компанијата ќе застане тука или планира уште да ги прошири своите капацитети со отварање на нови погони?
-За компанијата Џонсон Мети уште од почетокот беше алоцирана релативно голема парцела, бидејќи нивните планови беа прво да видат што ќе биде потребно од нивното портфолио на производи. Тука не се само катализатори, туку има и други производи за фармацевтската и петрохемиската индустрија. Пробното производство започна минатиот месец, а кон крајот на септември се очекува активно да почне со работа и втората фаза што директно ќе придонесе за зголемување на извозот. Минатата година оваа компанија беше носител на извозот. Специфично за оваа компанија е што и во услови на криза кога имаше намалување на побарувачката на автомобили во Европа, поради се поригорозните еколошки критериуми кои се наметнати од производителите на автомобили, катализаторите се се повеќе барани.
На почетокот на годинава Норвешката фирма "Нормак Инвестмент Груп" го презема стопанисувањето и менаџирањето со ТИРЗ Тетово до каде се таму работите и за кои други ТИРЗ се почнати активностите?
-Преку јавно приватно партнерство норвешката фирма "Нормак Инвестмент Груп" беше избрана да стопанисува со ТИРЗ Тетово во наредните 99 години. Она што е важно е што и од двете страни завршуваат активностите за започнување на ефективноста на договорот и започнување со изградба на инфраструктура. Врз основа на контактите што ги имавме со Кина, во разговорите помеѓу двајцата премиери беше разгледана можноста една од овие зони да биде понудена на кинески компании кои ќе управуваат и менаџираат со истата. Исто така, беше разгледана можноста уште една од зоната да ја понудиме на ЈПП, се надевам дека есенва ќе биде објавен уште еден повик за ЈПП на друга ТИРЗ. Следните неколку зони со кои ќе започнеме со градба ќе бидат зоните во Струмица, Струга и Радовиш.
Според економистите за македонската економија од посебно значење е квалитетот на странските директни инвестиции, односно сметаат дека се потребни повеќе гринфилд инвестиции кои овозможуваат повеќе вработувања, ново производство, увоз и извоз. Дали наскоро можеме да очекуваме повеќе вакви инвестиции?
-Главниот наш акцент е ставен на привлекување на што повеќе гринфилд инвестиции, бидејќи тие имаат наголем ефект врз економијата. Прво градат индустриски објект и имаат ново производство кое во поголем дел се извезува на европските пазари. Она што е важно е што овие инвестиции дирекно влијаат на зголемување на бројот на вработени, но и трансфер на технологија и знаење, бидејќи во многу случаи таквото свежо размислување на мултинационалните компании влијае на подобрување на работата на домашните компании. Истовремено нивната соработка со домашните компании како добавувачи е многу важна, бидејќи едно креирано работно место со вакви инвестиции ќе резултира со три до четири локално креирани работни места. Со Царинската управа имаме разговори за да направиме олеснување на процедурите за начинот на кој репроматеријалите кои од странство доаѓаат во зоните може да се трансферираат до домашните компании на доработка. Тука ќе ги намалиме бирократските процедури и трошоците кои ги имаат домашните компании. Поголемата соработка меѓу домашните и странските компании ќе влијае во остварување на поголем ефект врз македонската економија.
Колку странски инвестиции се планираат годинава и дали ќе се остварат овогодишните проекциите за странски инвестиции од 200 до 300 милиони евра?
-Според последните податоци од НБРМ во првите пет месеци од годинава имаме влез на странски инвестиции кој е за малку поголем од вкупниот број на инвестиции кои ги имавме во текот на минатата година. Неколку од овие најавени инвестиции ќе започнат со градба во втората половина од годинава, но истовремено треба да се земе во предвид и завршетокот на инвестициите кои започнаа да се реализираат минатата година. Важно е да имаме повеќе инвестиции кои ќе креираат нови работни места и кои ќе допринесат до поголем извоз и поголема додадена вредност. Сметам дека ќе имаме голем успех во привлекување на нови гринфилд инвестиции.


Ексклузивно интервју со менаџерот на Сахара: Џумајлија е реалност, резултати уште годинава!

Голем беше интересот за случувањата со Сахара проектот за земјоделство, се прогнозираше за вложените средства, за она што ќе се направи таму.

Sahara-kurir
Индиската компанија „Сахара Груп“ денеска со индиски и православни обичаи за бериќетна работа официјално ја започна реализацијата на проектот за реорганизација на агрокомбинатот „Џумајлија“, инвестиција вредна над 200 милиони евра.
Во ексклузивно интервју за Курир генералниот менаџер на Сахара Пјур, А.П. Сина ги открива деталите за проектот со голема важност.
Курир: Сахара официјално го презеде агрокомбинатот. Колку пари беа вложени и за која намена?
Сина:  Млекараницата и фармата на Сахара ќе биде пример за регионот како е да се има фарма и производство со голем сточен фонд. Во следните три години ќе се инвестираат 211 милиони евра. Сахара ќе инвестира 60 милиони евра во првите осум месеци, во наредната година ќе инвестира 70 милиони евра и разликата во последните 6 месеци во период од три години. Инвестицијата се однесува на изградба на фарма за добитокот, оддели за механичко молзење, високо технолошка млекарница, како и објекти за производство на сточна храна; потоа набавка на најсовремена опрема за одгледување и следење на животните, молзење, опрема за преработка и производство на млечни производи и опрема за сточна храна; купување на  крави со висок принос на млеко со цел ефикасно производство на млеко, увезени од земји одобрени од ЕУ како и набавка на опрема за енергетска ефикасност и заштита на човековата околина.
Курир: Како вашата инвестиција ќе влијае врз македонската економија?
Сина: Нашата инвестиција ќе влијае позитивно на македонската економија и ќе имаат бенефит, владата и граѓаните. Ќе се вработат 2000 лица од Македонија, ќе има соработка со локалното население и фармерите, а со производството на млеко и извозот ќе се намали трговскиот дефицит на земјата.
Курир: Индискиот бизнисмен најави и дека планира да изгради современа млекарница од која ќе се извезуваат млеко и млечни производи покрај во Балканските земји и во Средниот исток, Северна Африка. Колку е ова остварливо и кога ќе се почувствуваат првите резултати?
Сина: Големите проекти не се прават преку ноќ. За тоа треба време и стрпливост. Првите резултати со конечен производ треба да се остварат до крајот на следната година, а потоа секоја година ќе има нови резулати. Многупати ме прашуваат дали овој проект е остварлив. Јас имам еден одговор – ако на многу места во светот постојат вакви фарми што не и овде, зошто не во земја каде населението е ориентирано пред се кон земјоделие. Се е можно ако имате средства, знаење и начин како да го реализирате планот. Ние тоа го имаме.
Курир: Скептиците своите критики ги насочија кон овој проект. Што беше пресудно за да се одлучат сопствениците на ваква инвестиција токму во Македонија?
Сина: Одличните услови за земјоделие кои овозможуваат постигнување на големи приноси. Одличните услови за инвестирање, поволностите што ги нудите на странските инвеститори се доволна причина за да се започне бизнис во оваа земја. Скептици секогаш ќе има. Не може сите секогаш да бидат задоволни. Но, ние знаеме дека овој проект ќе биде брзо реалност.

(ВИДЕО) „Луда“ невеста, гостите се шокираа

Веднаш на почеток мораме да кажеме дека песната „Crazy Bitch“ (Луда „кучка“) од бендот „Buckcherry“ е малку невообичаен избор за песна за невестинскиот марш и ова е малку „чудна сцена“ за на свадба, а потоа погледнете сами.

Производител против држава: Mercedes победи во спорот со Франција

Цели два месеци Mercedes не смее да ја продава класата А во Франција. Судот во Париз сега донесе решение со кое што се отстранува забраната за германскиот гигант.

Француската држава му одобри на Mercedes повторно да ги продава моделите од класите A, B и CLA на нејзината територија, барем привремено. Истото важи и за родстерот SL. Така реши вишиот управен суд на државниот совет.

Од почетокот на јули, компактните возила на Mercedes беа забранети за продажба на францускиот пазар затоа што нивниот систем за климатизација го користи сега веќе недозволеното разладно средство со ознака 134a. Концернот Daimler одби да го користи новото разладно средство 1234yf, затоа што смета дека тоа е мошне запаливо, особено во случај на судир.

14 годишно момче заробено во тело на 100 годишник!

Заболените од оваа болест ретко доживуваат 14 години, но Али е борец и се надева дека ќе поживее уште неколку години.

- Навистина сакам да живеам и се надевам дека некаде има лек за мене. Не се плашам од смртта но жал ми е за родителите, видоа многу мака - вели Али.

Неговите родители биле роднини. Се венчале пред 32 години по договорен брак. Од 8 деца 5 им починале од прогерија. велат дека не знаеле дека се работи за генетска болест, инаку немало да имаат толку деца.

Во добро и зло двајца Кенијци ќе делат една жена

Двајца Кенијци се согласија да се оженат со истата жена, со која биле во врска, а таа не можела да се одлучи само за еден. Сите тројца ветиле дека ќе се почитуваат и ќе живеат во љубов и мир, објави Би-Би-Си.

Силвестер Мвендва и Елаја Кимани, според договорот се согласиле да останат да живеат во нејзината куќа и ветиле дека подеднакво ќе се грижат за децата што таа ги родила. Кенискиот полицаец Адхалах Абдулрахман ги убедил на овој чекор, откако ги затекнал како се расправаат кој да ја земе.

-Се согласуваме дека ние нема повеќе да си се закануваме меѓусебно или да бидеме љубоморни еден на друг поради нашата сопруга која вели дека не може да го остави било кој од нас, се наведува во договорот што и двајцата го потпишале. Се додава и дека ниту еден од двајцата мажи не бил принуден да го потпише овој необичен договор, а тие се обврзуваат доброволно да ги почитуваат деновите на посебниот заеднички живот што жената би ги одвоила за нив.

Мвенда вели дека нејзините родители го „благословиле“ овој брак, а жената, која е вдовица, и од нејзиниот прв брак има две деца, не сакала нејзиното име да се објави во медиумите.

Кениската адвокатка за односи во сејствотото Џуди Тонгори за медиумите изјавила дека законот јасно не ја забранува полиандријата - вид на полигамија, и една жена може да биде во брак со двајца или повеќе мажи.

ВО СЕФОТ НА ТИТО: Најдено богатство на Караѓорѓевиќи

Во „Титовиот сеф“, кој неодамна го отвори Народната банка на Србија, пронајдени се многу работи што ѝ припаѓале на династијата Караѓорѓевиќи, а кои немаат врска со оставината на Јосип Броз, изјавил претседателот на комисијата овластена за т.н. „депо 555“, Иливер Антиќ.

Тој за „Вечерње новости“ изјави дека јавноста ќе има увид во тоа што е пронајдено во сефот откако судските вештаци ќе ги извршат сите испитување и додал дека болеста на Јованка Броз нема да го забрза процесот.

Весникот наведува дека токму во сефот бил скапоцениот орден со брилијанти, смарагди и рубини, кој неодамна бил изложен на погреб на член од кралското семејство. Според „Вечерњи“, голем дел од работите се со потписи од кралот.

Заев - Власта ја уназади Македонија

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес-конференција оцени дека Македонија не била никогаш подалеку од членството во Европската унија, во државата нема демократија и нема подобрување во економијата. Македонија е држава каде власта провоцира внатрешни поделби, етнички конфликти и сериозно го загрозува мирот и стабилноста. На дело е партиски, корумпиран, квази судски систем. рече во своето обраќање лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој изјави и дека изостанале ветениот економски раст од 6 до 8 проценти и оти постојано се зголемува задолженоста на државата, а буџетските пари се трошат за непродуктивни проекти како што е проектот „Скопје 2014“,. Лидерот на СДСМ оцени дека не се исполниле ниту најавите за помала и поефикасна државна администрација и оти субвенциите за земјоделството не ги дале очекуваните резултати и оти се делат без јасни критериуми.

Тој упати и критики за состојбите со слободата на медиумите Таквите политики на власта, смета Заев, резултирале со напуштање на државата од страна на голем број граѓани. Граѓаните на Македонија заслужуваат држава на социјална правда, економска стабилност, човекови и граѓански права и слободи, меѓусебна почит и толеранција. рече Зоран Заев.

САД: Војската е спремна за напад во Сирија

Западните сили ја информирале сириската опозиција дека би можел да биде извршен напад врз силите на Асад, јавува Ројтерс.

„Американската војска е целосно подготвена веднаш да нападне доколку претседателот Барак Обама нареди акција против Сирија“, изјавил министерот за одбрана Чак Хејгел за Би-би-си.

„Сѐ е подготвено да ја исполниме секоја наредба на претседателот“, изјавил Хејгел во Брунеи во рамки на турнејата во Југоисточна Азија.

Хејгел кажал и дека САД наскоро ќе изнесат докази дека Сирија извршила напад со хемиско оружје врз сопствениот народ.

Форбс: 'Material Girl' Мадона со најголема заработувачка меѓу славните!

Мадона се најде на врвот на листата на славните личности според приходите кои ги оствари (125 милиони долари) во минатата година, најголем дел благодарение на турнеите одржани во целиот свет, но и на нејзините парфеми, облеката и останатите инвестиции од нејзина страна, објави Форбс.

На второ место е Стивен Спилберг со 100 милиони долари, кои ги заработи благодарение на „старата слава“ и филмовите „Е.Т“, „Паркот Јура“, но и големиот хит од минатата година „Линколн“.

Успехот на Мадона на 55 години само ја покажува неверојатна моќ на успешна музичка кариера, изјави репортерката на Форбс, Дороти Померантз.

Видео: Sony Xperia Z1 подготвен да го освои светот

Најновиот смартфон на јапонската компанија Sony Xperia Z1 е всушност долго очекуваниот Sony Honami кој треба да ги спои сите услуги и сервиси во еден супериорен смартфон, односно е изработен заеднички од сите оддели на компанијата.

Samsung во септември ќе го претстави својот паметен часовник Galaxy Gear

Потпретседателката на компанијата Samsung ги потврди гласините дека smartwatch Galaxy Gear ќе биде претставен следната недела.

Извршната директорка на Samsung, Ли Јанг, изјави дека компанијата ќе го претстави својот паметен часовник Galaxy Gear на 4 септември, како и тоа дека истиот ќе има оперативен систем Android.

Ли производот го нарече ’носечки концептуален уред’, што може да значи и дека нема веднаш да биде пуштен во продажба. Таа додаде дека паметниот часовник претставува значителен напредок во мобилната индустрија и дека тој е само рано истражување на потенцијалниот пазар.

Ли потврди дека истиот ден на IFA конференцијата во Берлин ќе биде претставен и хибридниот таблет и смартфон, Galaxy Note III. Шпекулациите за купување на канадската компанија Blackberry беа отфрлени од страна на Samsung.

iOs 7 доаѓа на 10-ти септември

Последните информации велат дека Apple официјално ќе го пушти во употреба новиот оперативен систем iOs 7 на 10-ти септември, истиот ден кога ќе бидат претставени двата нови смартфони iPhone 5S и евтиниот iPhone 5C.

iOs 7 е досега највидoизменетата верзија на популарниот оперативен систем во кој се вклучени многу промени, а исто така се почитувани желбите на корисниците за повеќе новитети. Претходно беше највено дека последната верзија на iOs 7 ќе се појави пет дена порано, но 10-ти е денот кога ќе треба да почнете да барате надградба на вашиот iPhone, iPad или iPod.

Во Грција ќе се продава храна со поминат рок

Поради економската криза и се потешкиот живот на Грците, маркетите во таа држава во својата понуда по пониски цени ќе нудат и производи со изминат рок на траење.

Здружението на трговци на Атина донело одлука маркетите од 1 септември да продаваат артикли на кои им поминал рокот за употреба, но по ниски цени.

Таа одлука е донесена со цел – помош за најзагрозените жители на Атина.

Во меркетите ќе има посебно место со натпис: Производи со поминат рок на траење. Тие производи ќе се продаваат со нагалсени мерки на претпазливост што подразбираат недоведување на потрошувачите во животна опасност.

Пороен дожд ќе освежи и утре

Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а ќе дува и засилен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 28 до 36 степени.

Пообилни врнежи се очекуваат во западните и северните делови од земјата каде локално е можно да наврнат повеќе од 20 литри на метар квадратен воден талог, а не е исклучена и можноста за појава на град.

Доказ дека на Фејсбук ќе најдеш се и сешто

Ние немаме коментар, вие барајте дали да роди или да абортира

Кралот на кошарката го покажал совршеното мускулесто тело

Супер ѕвездата на "Miami Heat", попознат како Кралот Џејмс, синоќа покажал дека е сопственик на совршено мускулесто тело, па затоа и не треба да зачудува фактот што погледите на сите присутни на плажите во Мајами биле насочени токму кон него.
Дваесет и осумгодишниот легендарен кошаркар ЛеБрон Џејмс го покажал своето совршено мускулесто тело за време на снимањето на најновата реклама за Најк на плажите во Мајами. Со својата висина од 2,03 метри, мускулестите раце и нозе и совршените "плочки на стомакот", Кралот Џејмс бил и тоа како интересна глетка на песочните плажи.


Најпрво, ЛеБрон бил фотографиран како возел велосипед заедно со цела мала армија од обожаватели, а потоа скокнал во водите за да се разлади, притоа покажувајќи ги и мускулите, но и бројните тетоважи.

Кошаркарската ѕвезда, кој неодамна потпиша импресивен договор за спонзорство со Најк во вредност од неверојатни 90 милиони долари, покажал дека навистина одлично се забавувал за време на снимањето на рекламата, во градот во кој што стана и култна ѕвезда.


ЛеБрон, кој што го изненади и Коби Брајант откако беше прогласен за најдобро платен кошаркар во 2013 година, со плата од неверојатни 56 милиони долари, живее во една од најелитните населби во градот.

Славниот кошаркар е татко на две деца кои што ги добил од врската со својата девојка уште од средношколските денови Савана Бринсон, Леброн Јуниор (8) и Брус (6), а парот планира да ја круниса својата љубов со брак веќе следниот месец, во Сан Диего.


Кошаркарската ѕвезда потекнува од Охајо, а познат е и по хуманитарната работа далеку од кошаркарскиот паркет, па тој е активен и во својата добротворна фондација наречена "LeBron James Family Foundation", со седиште во неговиот град.










Уште една млада Босанка прогласена за најубава во светот

Армина Нина Крго од Бања Лука ја освоила титулата за најубава девојка на престижното натпреварување "World’s Perfect Miss".
Станува збор за натпреварување кое што во последните неколку години станало исклучително популарно во светот, па се предвидува дека во иднина истото ќе стане и едно од најпрестижните интернационални натпреварувања за убавина.

Шоуто било одржано во Флорида и на истото за титулата најубава се бореле 51 девојка, но сопственичка на круната станала Армина Нина Крго.


Прекрасната Армина е родена во 1987 година во Бања Лука, а кога имала само 11 години, таа се преселила со своето семејство во Луисвил, каде што го завршила своето средно образование и се здобила со факултетска диплома.

Со манекенство и моделинг започнала да се занимава уште од детството, а ова хоби во последните неколку години и станувало се поважно и позначајно во нејзиниот живот.


Таа за својот изглед се грижи преку напорните тренинзи во теретана, а само еден поглед кон фотографиите е доволен доказ дека вложениот труд на крајот и тоа како и се исплател.

Само како потсетување, пред околу еден месец, титулата за најубава жена во светот ја доби Аида Ѓапо, исто така со потекло од Босна и Херцеговина.












Македонија поразена на пријателскиот натпревар со Литванија

Нашата репрезентација на натпреварот, кој се играше во спортскиот центар „Борис Трајковски“, првпат настапи комплетна откако на претходните дуели со Словенија, Украина и двата со Хрватска отсуствуваа Перо Антиќ, Лестер Бо Мек Кејлеб и Тодор Гечевски.

Литванија која досега на контролните дуели имаше успех, во Скопје не играше во комплетен состав.

Натпреварот е еден од контролните дуели за двете селекции пред Еуробаскетот во Словенија, а со него се одбележаа и 20 години од првиот натпревар на македонската кошаркарска репрезентација.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О