Погледнете како Тито реагирал кога аѓутант му ја приклештил раката со врата од автомобил

Во текот на официјалната посета на Шведска во 1976 година, се случил еден несекојдневен инцидент, кој останал забележан од будното око на камерата.

Додека Тито излегувал од автомобилот, неговиот аѓутант излегол од совозачкото седиште и ја затворил вратата. Притоа му ја приклештил дланката на Јосип Броз, на што тој викнал од болка. Аѓутантот набргу ја отворил вратата и ги ослободил прстите на маршалот.

Тито го гледал аѓутантот прекорно неколку секудни, а потоа мирно продолжил кон домаќините: премиерот на Шведска Олоф Палме и неговата сопруга. На снимката се гледа како тие се смејат, додека аѓутантот немо и збунето ја набљудува сцената.


Подоцна во текот на таа официјална средба, Тито на своите домаќини уште еднаш им покажал што му се случило во текот на излегувањето од автомобилот.

Инаку, посетата на Тито во Шведска во 1976 година била од исклучителна важност, после терористичките напади на југословенската амбасада и експанзијата на работата на усташката емиграција.

Броз и Палме разговарале за Хелсиншките акти, посетата на Тито на Латинска Америка, ситуацијата во Ангола, случувањата на Блискиот Исток и за Движењето на независните.

Зборувајќи за пријателството кое се родило на посетата, Палме еднаш изјавил:

„Штотуку дознав дека репрезентациите на Југославија и Шведска играат натпревар за титула на шампион на Европа во пинг понг во Прага. Со оглед на ова наше взаемно разбирање, на блискоста и срдечноста која го карактеризира нашиот однос, можеби би било најдобро резултатот да биде нерешен“.

Сепак, таа вечер победила Југославија, со резултат 5:2.

Бејл изнајмил луксузна вила за живеење: Погодете кој му е првиот сосед?!

Еден од најскапите фудбалери на светот и нов член на Реал Мадрид, Герет Бејл, наскоро ќе се пресели во нов дом.

Велшанецот изнајмил луксузна вила во населбата Ла Финка, каде што живеат бројни познати личности, а случајно или не, прв сосед на Бејл ќе му биде соиграчот Кристијано Роналдо.

За луксузната вила која има седум спални соби, Бејл ќе издвојува 12 илјади евра месечно. Во промотивните брошури, оваа куќа е опишана како „близначка“ со домот на Роналдо.

„Едноставно мораше да ја има, па веќе остави и депозит“, рекол анонимниот извор.

Пет непотребни делови на телото

Човечкото тело е едно највчудовидувачките нешта на универзумот кој го познаваме. Ако ја имаме предвид комплексноста на ендокриниот систем, чудата кои ги прави нашиот мозок, силата на скелетот и мускулите, па дури и функционалноста на ноктите, ние сме навистина уникатни суштества.

Сите оделови на телото не се базирани само на своите функции, туку се во содејство еден со друг. Од едноклеточните организми кои скитаат низ древните мориња, човечките суштества еволуирале во денешните комплексни и способни за речиси се’ организми – она што ние сме денес. Речиси секој дел од нашето тело, од најмало до најголемо, игра улога во нашето тело. Но „речиси“ е знајачниот збор – некои делови од нашето тело се всушност бесцелни.

5.Крајници

Крајниците се двете мали меснати топчиња закачени над грлото на заднината од усната празнина. Тие се дел од природниот систем за одбрана на телото и имаат задача да се борат против инфективните напаѓачи кои се обидуваат да влезат во вашето тело.

Проблемот со крајниците е што додека тие се борат со таа инфекција, стануваат потечени и предизвикуваат болка, поради што ве боли грлото и имате проблеми со респираторниот систем. Тоа е причината поради која крајниците често се отстрануваат, благодарение на антибиотиците кои ја отстрануваат инфекцијата подобро отколку крајниците. Затоа денес тие се бесцелни.


4.Слепо црево

Оваа „реликвија“ понекогаш служела за подобра дигестија на незготвеното месо, а сега се смета за непотребна. Во секој случај, слепото црево не ни е потребно. Овој орган со облик на туба, кој се наоѓа на десната страна од абдоменот малку над бедрото, складира „добра“ бактерија кој многу научници сметаат дека телото ја користи за да ги размножи корисните бактерии во стомакот и внатрешните органи. Но, слепото црево често знае и да пукне, што предизвикува сериозна и потенцијално фатална инфекција, и „губи поени“ поради оваа причина.




3.Опашна коска

Вашиот коксикс, односно опашната коска, е веројатно најнекорисна на оваа листа. Зошто? Токму затоа што немаме опашка. Ние имаме само последен ’рбетен член кој би можел да еволуира во опашка, но никогаш не дошло до тоа. Наместо да служи за нешто, опашната коска може само да ни донесе болни и засрамувачки повреди.


2. Plica Semilunaris (странични очни капаци)

Знаете ли дека некои птици, риби и гуштери (највпечатливо крокодилот) имаат дополнителни странични очни капаци? Знаете што? Имате и вие! На некој начин...


Малото триаголно парче месо на аголот од вашето око е остатокот од таквите очни капаци кои луѓето некогаш ги имале. Сепак, Plica Semilunaris не игра никаква улога во вашиот живот, и „инаетливо“ не сака да се отстрани од гените на секое човечко битие.

1.Умници

Имаме 28 заби, сите наместени на перфектна позиција, благодарение на парите на нашите родители и добрите стоматолози и ортодонти. Сепак, во 20-тите или 30-тите години осмите заби во редицата се „будат“, растат и го стеснуваат просторот помеѓу забите, па на „стари години“ пак ви треба фиксна протеза. Иако велиме дека со нив доаѓа умот, не е вистина – тие не служат апсолутно за ништо!

За првпат по 13 години: Кока-Кола не е највреден бренд во светот!

Оваа година, за првпат производителот на безалкохолни пијалаци не го зазема водечкото место на списокот на 100 најмоќни брендови во светот, каде што беше во изминатите 13 години!

Американската компанија Кока-Кола повеќе не е најдобриот светски бренд, откако по цели 13 години, од тронот ја симна технолошкиот гигант Епл.

Ова всушност е првпат производителот на безалкохолни пијалаци да не е на самиот врв на списокот на 100 најмоќни брендови на светот, каде што беше цврсто позициониран уште од 2000 година.

 

Така, на списокот на најмоќни брендови, кој што секоја година го создава компанијата 
"Interbrand", Кока-Кола забележува пад од две позиции, пред себе "пуштајќи" уште еден гигант, компанијата Гугл, која се најде на второто место.

 
Според процените на "Interbrand", вредноста на компанијата Епл е 98.31 милијарда долари, што е раст од 28% во однос на минатата година.

 

Лејди Гага: Помалку пијам, повеќе „дувам“

Пејачката вели дека на новиот албум повеќе се чувствува фактот дека пуши многу марихуана.
Лејди Гага одамна раскажа дека нејзината омилена дрога бил кокаинот, но откако престанала да го консумира, утехата ја пронашла во „тревата“.

Пејачката наскоро го објавва албумот „Artpop“ и вели дека на него ќе се почувствува колку таа „дува“.

„Додека го снимав албумот, пиев многу малку, но дував многу. Не сакам да ги поттикнам луѓето да се дрогираат, само зборувам за своите искуства“, изјави Гага за „Ел“.

Најновиот албум од контроверзната пејачка треба да се појави во почетокот на ноември.

Во пластично шише вода има 25 илјади хемикалии

Најновите истражувања покажаа дека во едно пластично шише со вода има дури 25 илјади хемикалии.

Водата во пластично шише, која сѐ почесто сите ние ја користиме бидејќи е лесна за носење, дали во чанта или, пак, во рака, е доведена до прашањето дали е добар избор.

Најновото германско истражување покажа дека во едно пластично шише има дури 25 илјади хемикалии. Некои од тие хемикалии се опасни за нашиот организам, пишува во списанието „Плус Оне“, во кое се објавени истражувањата.

Научниците порачуваат дека присуството на хемикалии не значи нужно дека консументите ќе развијат тешки опасни болести, но истакнуваат дека, сепак, станува збор за многу вознемирувачки откритија. Особено загрижуваат хормоните кои можат да влијаат на репродуктивниот систем кај жените, особено во помлада возраст.

- Прерано е да се донесуваат некои конкретни заклучоци како сите хемикалии влијаат врз здравјето. Потребни се дополнителни истражувања. Но, сигурно можеме да речеме дека водата во шишиња не дејствува благотворно на човечкото здравје – истакна Брус Блумберг од Универзитетот „Калифорнија – Ирвин“.

Најоригиналниот отказ на сите времиња

Вистинскиот пример како да се направи најоригиналниот отказ, го објави 25-годишната Марина Шифрин и стана интернет хит.
otkaz500
Таа две години работела за „Некст Медија Анимајшн“ на Тајван и како што објаснува во видеото, „две години ги жртвувале своите врски, времето и енргијата за таа работа“, додека нејзиниот шеф „само се грижел за количеството на извршената работа и за тоа колку кликови одредени видеа собрале“.

Шиврин одлучила да направи свое видео со кое ќе даде отказ, при што ќе „води смета за содржината, а не за бројот на кликови“.

Секако, најзабавно од се (и најиронично) би било доколку „отказното видео“ собере најмногу кликови досега.

Шифин изјави дека најзини прв следен потег ќе биде да се врати во САД и да пронајде работодавач кој ја „цени креативноста и своите вработени“, објави „Хафингтин Пост“.

Докторе не можам да дишам добро


Видео споредба на сите верзии на iPhone

Компаративно видео на кое можете да ја видите брзината на работа на сите досега презентирани верзии на популарниот iPhone.

Ве покануваме да го погледнете.

Брат и сестра се пронајдоа после 37 години (ВИДЕО)

Една од оние семејни приказни која ретко кого остава рамнодушен. Синди Муреј и нејзиниот брат Роберт Вилијамсон, брат и сестра од Денвер, поминаа 37 години без да се видат. Нивните родители се развеле некаде во 70-тите на минатиот век, по што Синди заминала да живее со мајка ѝ, а Роберт со нивниот татко.

Поради различните презимиња, тие не можеле да се пронајдат, сѐ додека упорноста на сестрата не се исплатила. Таа дознала дека и нејзиниот брат е маринец, па дури и се наоѓа на само неколку километри од нејзината база.

Владата ќе се задолжи 473 милиони евра за да враќа кредити

Владата идната година треба да обезбеди 473 милиони евра преку задолжувања за да го финансира буџетскиот дефицит, но и за да ги врати старите долгови, покажуваат пресметките од Буџетот за 2014 година. За буџетскиот дефицит се потребни околу 300 милиони евра, додека пак остатокот е за обврските што доспеваат догодина, aнализира Капитал.

За разлика од лани, поголем дел од парите, односно 161 милион евра ќе се обезбедат со задолжувања на домашниот пазар преку издавање на државни записи и обврзници што ги купуваат банките, пензиските фондови и осигурителните друштва.

Меѓутоа, домашните бизнисмени се противат на овој концепт со објаснување дека Владата треба да го намали притисокот врз банките за да делат повеќе кредити. Задолжувањето во странство е планирано на ниво од 86 милиони евра, а државата планира да повлече и депозит од нејзината сметка во Народната банка од 226 милиони евра.

„Во игра се два начини на задолжување во странство и засега се уште анализираме дали ќе издадеме еврообврзница или ќе се одлучиме за заем од некоја од комерцијалните банки со гаранција од Светската банка“, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Дали Цеца е среќна по ова што го направи нејзиниот син?



Синот на Цеца е доста актуелен по социјалните мрежи во последно време. Тој овој пат ги шокираше повеќето со својата нова фотографија, а најверојатно во шок е и неговата мајка.

Тој објави фотографија на која се гледа што крие под маицата.

СДСМ: Во Струмица тендери се добиваат спроред законска процедура

СДСМ во реакцијата на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со јавните набавки во Струмица, наведува дека нивната кампања постигна извонреден успех и оти докажала дека оваа општина се добиваат тендери во легална законска процедура.


- Успеа да докаже како во општина Струмица, во легална законска процедура се добиваат тендери, и зошто Владата не може да најде ама баш ништо незаконско во тендерските постапки во Струмица. За разлика од тендерите и анкесите на договорите што ги реализира Владата- се вели во соопштението.

Прашуваат кога премиерот ќе одговори дали е непотизам и судир на интереси назначување на членови на неговото семејство и кумот за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија и како министри, пратеници и други високи функционери на ВМРО – ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати.

- Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е подготвен на директно телевизиско соочување со премиерот, посочуваат од СДСМ.

Мис на Свет се сликала топлес: Ќе остане без круна?

Филипинката Меган Јанг, која ја освои титулата Мис на Свет за 2013 година се најде во центарот на скандал.

Наводно, откриено е дека таа се сликала топлес, што е против правилата на ова натпреварување и поради што би можела да остане без круна.

Наводно, оваа девојка во 2012 година позирала за списанието „Rogue“ разголена како дел од бикини кампања.

На неколку од фотографиите се гледа дека таа не го носи горниот дел од костимот за капење.

И додека некои бараат на Меган Јанг да и се одземе круната, од филипинскиот табор тврдат дека се работи за „валкана кампања“.

Сепак, како што пренесуваат странските медиуми спорните разголени фотографии не содржат експлицитна голотија.

Фото: Меган Јанг бикини фотосесија за списанието „Rogue“

Ден подоцна: Ѕвездите по црвениот тепих

Беспрекорниот стајлинг и фризурата без грешка си имаат рок на траење, а тоа го потврдија и холивудските ѕвезди меѓу кои се најде и Џесика Алба.

За да заблескаат на црвениот тепих ѕвездите ги бираат најдобрите професионалци чија работа е да го покријат секој нивни недостаток и да ги истакнат само најдоброто.

Погледнете како изгледаат ден подоцна откако ќе прошетаат по црвениот тепих.
britney-spears

mila-kunis

jennifer-lawrence

halle-berry

kim-kardashian

Ѓоковиќ: Надал е подобар, но јас ќе се борам до крај за првото место

Новаќ Ѓоковиќ неодамна прослави 100 недели од престојот на врвот на АТП листата, но наскоро би можел да дојде крајот на неговото владеење.

- Додека и да имам шанси ќе се борам за да бидам број еден. Надал без никакви сомнежи е најдобар играч сезонава. Јас имав подеми и падови, но мислам дека имав добра сезона. Оваа недела ќе се концентрирам на турнирот во Пекинг каде што имам добри резултати – изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на три пати го освојуваше овој турнир до сега, а оваа година во првото коло ќе игра против Чехот Лукаш Росол. Но, Рафаел Надал ќе избие на првото место на ранг листата доколку на турнирот во Пекинг обезбеди пласман во финалето, па дури и доколку во евентуалното финале го загуби трофејот од Ѓоковиќ.

Вака изгледаше Мис на Македонија на Мис на светот 2013

Меган Јанг, претставничката од Филипини, вчера се закити со титулата „Мис на светот 2013“.

Меѓу мисиците од целиот свет беше и нашата претставничка Кристина Спасеноска.

На големата сцена на индонезискиот остров Бали, 21-годишната Кичевчанка зачекори во долг бел фустан со детали кои потсетуваа на парчиња накит.

Белата вечерна тоалета е дело на младиот дизајнер Менсур Алими.

Според зборовите на организаторката на Мис на Македонија, Лидија Велковска, Спасеноска го освоила 73. место.
Според зборовите на организаторката на Мис на Македонија, Лидија Велковска, Спасеноска го освоила 73. место.
Еве и како изгледаа убавиците од соседството...

МИС СРБИЈА

Мис на Светот 2013

МИС АЛБАНИЈА

Мис на Светот 2013

МИС БУГАРИЈА

Мис на Светот 2013

МИС ГРЦИЈА

Мис на Светот 2013

МИС КОСОВО

Мис на Светот 2013

МИС БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Мис на Светот 2013

МИС ХРВАТСКА

Мис на Светот 2013

МИС ЦРНА ГОРА

Мис на Светот 2013

МИС СЛОВЕНИЈА

Мис на Светот 2013


Џастин Бибер одбројува на твитер

Вчера познатиот Џастин Бибер, на својот твитер профил објави #10Days, а по тоа сите го очекуваат HeartBreaker за 10 дена, ова сеуште не е потврдено, дали ќе излезе песната или нешто друго, а сега преостануваат 9 дена





ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О