Верувале или не, вие сигурно земате поголема плата од Марк Цукерберг!


Со оглед на тоа што во негова сопственост е компанија чија што вредност се искажува во неколку милијарди долари, сосема логично е да се претпостави дека подеднакво висока е и неговата плата... Но, тоа не е така, барем не почнувајќи од оваа година!

Сораја имала тешко детство и растела во згрижувачко семејство


Фотосесии, камери и голема популарност. Иако сите мислат дека животот на Сораја веројатно бил вистинска бајка, тој не бил ни блиску до тоа.
Старлетата Сораја Сара Вучелиќ многу рано останала без својата мајка и растела во згрижувачко семејство пренесе Телеграф.
Сораја неодамна започнала да комуницира со својот татко, со оглед на тоа дека тој многу не се грижел за неа. Нејзината мајка која кога останала трудна била протерана од дома бидејќи нејзините родители не се сложувале со нејзиниот избор, немала што да прави освен да ја даде во згрижувачко семејство.
Старлетата до 17 година живеела со својата мајка, но кога таа починала се вратила кај својот татко, но поради негрижата повторно се иселила и дошла во Белград.
Таа одлучила во 2011 година да се пријави во Големиот брат, и така станала популарна.

Тест за издржливост: Samsung Galaxy S4, S3 и iPhone5 vs. бетон

Новиот тест на GizmoSlip во кој се оценува како телефоните го поднесуваат падот ги спротивставува Galaxy S4, S3 и Apple iPhone 5 при судирот со бетонот.

На свадба кај Мајкл Џордан (фото)


Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Мајкл Џордан (50) вчера се ожени со шеснаесет години помладата Ивет Прието.

Дефиниција за среќен живот


Студијата која траеше 75 години и е една од најдолгите која се однесува на човечкиот развој, почната во 1938 година, со опфатени 268 студенти од Харвард, откри дека за среќа и успех во животот е најважно да се живее во среќна врска полна со љубов  и да бидеш близок со својата мајка, пренесува Бизнис инсајдер.
Најголемо негативно влијание врз животот на студентите има алкохолот. Алкохолизмот е болест со голема разорна моќ, изјави Џорџ Валиант, кој работеше на студијата речиси три децении.
Исто така, алкохолот е главна причина за разводи меѓу овие 268 студенти.
Студијата покажа и дека интелегенцијата не е од пресудна важност - еднакви годишни приходи остварувале луѓе со коефициентитна интелегенцијата 110 и 150.
Што се однесува до сексот, тие кои во животот биле поконзервативни, нивниот сексуален живот се завршувал во просек со 68 години старост, а луѓето кои имале либерални ставови биле сексуално активни дури до нивните 89  години од животот. 

ФОТО: Папараците ја уловија Адриана Лима


Уживајте во сонцето - температури до 32 степени


Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со ветер од јужен правец.Температурата ќе се движи од 26 до 32 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со температурата до 31 степен.

ФОТО: НАЈБИЗАРНИТЕ СЕКС ИГРАЧКИ


Луѓето навистина сакаат да експериментираат во сексот, но понекогаш тоа нивно експериментирање е навистиан екстремно и ги поминува сите граници.

На повидок нова трансфер бомба: Фабрегас се враќа во Арсенал!?

Доколку им се верува на британските медиуми, поранешниот капитен на Арсенал би можел да се врати во Лондон, во својот втор дом.

Како нова трансфер бомба за следниот летен трансфер период, од денес се споменува и Сеск Фабрегас и неговиот потенцијален кам-бек во Арсенал.

Јакимовски ќе коалицира со ВМРО, СДСМ го одбил?


Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, најави дека советниците од Српската напредна странка, чиј кандидат беше на локалните избори, размислува да коалицира со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.
Јакимовски вели дека оваа одлука ја донел откако не добил одговор од советниците на СДСМ, на кои им побарал да коалицира со нив.
- Мене ми е жал што носат вакви одлуки. Ова се сосема лоши политики, после 20 годишно владеење во Карпош, СДСМ се откажува од владеење во општината - рече Јакимовски.
Тој рече дека нема да се врати во СДСМ, туку дека е на идеја да формира нова политичка партија.
Инаку општина Карпош не може  да го  формира општинскиот советот поради тоа што  ниту една партија нема мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 9 советници а Српската напредна странка има 5.

Во пожар во струмичко изгореа 26 прасиња и 5 свињи

Вечерта помеѓу 26 и 27 април во с.Добрашинци-струмичко, во непосредна близина на депонијата за отпад, настанал пожар во свињарник сопственост на К.Б. од истото село, при што изгореле објектот, заедно со 26 прасиња и 5 свињи.

Причината за настанување на пожарот, како и висината на материјалната штета, дополнително ќе бидат утврдени.

ФОТО: Сообраќајка во центарот на Скопје


ФОТО: Сообраќајка во центарот на Скопје
Предмалку се случи сообраќајна несреќа на раскрсницата кај Судовите во Скопје, јавува Пресс 24.

На раскрсницата кај судовите се удрија автомобил марка “фолцфаген“ со битолски регистарски таблички и комбе со скопски регистарски таблички.

Причинета е материјална штета, а засега нема информации за повредени лица.

Среќен Роденден Каролина!!!

Денеска својот 33-ти роденден го прославува Каролина Гочева, една од најдобрите и најпознати македонски и балкански поп пејачи. И посакуваме посакуваме многу здравје, успех на приватен и професионален план, многу хитови, спотови и се разбира преполни сали… Среќен Роденден!

Најдебелите жени на Балканот се во Македонија

dfdfekf
Во просек, најдебела нација на светот се жителите на Кувајт, покажуваат резултатите од истражувањето на порталот Visual.ly, пренесува Анадолија. Со просечен Индекс на телесната тежина (БМИ) од 29,5, кувајтските мажи со 27,5, а жените со 31,4 БМИ единици се први во светот според дебелината.

(ВИДЕО) Жерновски: Јас сум човек кој сака да гради, а не да урива, но ќе барам ревизија за трошењето!


Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски за А1он вели дека ги почитува и се поклонува на сите оние кои се вградија во Република Македонија и кои се бореа за нејзино ослободување и за одбрана на нејзиниот територијален интегритет и суверинитет.

"Достоинство" во одбрана на Жерновски

"Достоинство" во одбрана на Жерновски

Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов застана во одбрана на Андреј Жерновски.

Не сум чул изјава на Андреј Жерновски во врска за спомениците на бранителите, рече Ангелов одговарајќи на вчерашното соопштение од "Бедем" во кое се повикува Жерновски да не ги отстранува спомениците.

ФОТО: Фармерки - Умри машки!


Во среда температури до 43 степени, и пустинска бура со прашина од Африка!

Тропска бура и топлотен брат се очекува да навлезе во текот на ноќта а сонцето да изгрее и да почне да гори. Со пустинска бура и прашина која може да не „збрише“ од нормалниот живот.Според информациите на ССАНМА - Сахара, Саху, Африка, Намибија, Метереолошка, Анија.Температурите наутро до 32, попладне до 38 додекасе очекува во најтоплиот период
преку 44. Од УХМР ја демантираа веста поради засега непознати причини, бидејќи таа вест ја ширеле Африканските медиуми кои изјавиле: "Европа нека се подготви за температури до 45 степени и бури.".

Iron Man 3 од денеска и во Милениум


Третиот дел од Марвеловиот Железен човек(Iron Man 3) во 3Д, апсолутниот моментален владетел на светските кино благајни, режиран од Shane Black, со Robert Downey Jr., Gwyneth Paltrow, Guy Pearce во главните улоги, од денеска (недела, 28 април), во 20.00 часот, на репертоарот на кино Милениум.

Малку сон, три пати помалку сперма

Кај мажите кои не спијат доволно количината на сперма се намалува во значителна мера, понекогаш толку многу што може сериозно да ја загрози нивната плодност.

Научното истражување покажало дека количината на сперма кај мажите кои не спијат доволно е доста намалена, и тие имаат намалени тестиси.

Температури до триесетиот степен

Сончево и топло со летни температури кои ќе достигнат и до триесеттиот степен ќе биде времето денеска во Македонија.
Како што соопштија метеролозите, минималните утрински температури ќе се движат од 6 до 13 степени целзиусови, а после пладне од 21 до 30 степени.

На поголем дел од територијата ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните делови се очекува да дува југозападен ветер.

ВИДЕО: Погледнете го официјалниот спот за евровизиската песна!


Spot45Вечерва во новото издание од забавната емисија на МРТ „Стисни плеј“ премиерно беше емитуван новиот видео запис за евровизиската песна на Есма и Лозано - Пред да се раздени. Се работи за многу едноставен музички спот кој нема ниту една допирна точка со висококвалитетниот „Империја“. Погледнете сами па пресудете, нам лично повеќе ни се допадна претходниот.

Гејминг: Како ќе изгледа вашиот телевизор идната годинa


Следната генерација на конзоли нема да се борат само за да украде дел од вашето време, туку и ќе се борат за просторот над, под и околу вашиот телевизор. Трите конзоли имаа дополнителни уреди кои мора да бидат „инсталирани“ на телевизорот...

Анета ја бакна Венди, ги пипкаше и градите на Маја ( фото/видео )

aneta-i-vendiНа 6. мај ќе се одржи финалето од „Големиот брат“, кога ќе се случи и последното исфрлување од куќата а некој од станарите ќе си замине со 50.000 евра.

Си ги отсекле рацете, ама останале без пари


Двајца шпанци си ги отсекле рацете со електрична пила за да се обидат да зарботат голема сума на пари од осигурување. Но, истрагата која ја спровеле претставници на осигурителната компанија откриле дека станува збор за измама зошто ампутацијата на рацете била изведена беспрекорно добро.

Задникот на Џенифер Лопез е незаменлив


Облечена во прекрасен син деловен фустан Џенифер Лопез докажа дека нејзините обилини и задник се навистина незаменливи, пренесуваат медиумите.

На состанокот пристигнала како деловна жена, а едноставниот крој и еластичноста на материјалот лесно се вклопиле со нејзината фигура.

Кивањето открива каква личност сте

Начинот на кој киваме кажува се за нашата личност, се тврди во најновата американска студија.

Секс во кујна за посилен оргазам

Во сексот најважна е иновативноста, а таа фантазија освен во спалната соба можете да ја искористите и во кујната. Водата и храната се одличен еротски бонус за вашиот сексуален живот, а кујнските пешкири можат да послужат за испробување на нови пози.

Сити не го дава второто место, Тотенхем се спаси


Во првиот денешен натпревар од 35. коло во Премиерлигата Манчестер Сити славеше на домашен терен против Вест Хем, минимално со 2-1.

Еве зошто е добро да јадеме сончоглед



Еве зошто е добро да јадеме сончоглед
Сончогледот не е само занимација, тој прави многу за нас додека го јадеме. Ова се причините заради кои ќе посакате да уживате во него:

Чудесни грешки на голманите во Премиер лигата (видео)


Голманите на Манчестер Сити и Виган, Џо Харт и Џоел направија чудесни грешки кои ги чинеше погодок во сопствената мрежа. Двајцата голмани имаа среќа бидејќи нивните грешки не ја чинеа екипата пораз него Сити победи 2-1 над Вест Хем, а Виган ремизираше со Тотенхем 2-2.

Холандија наскоро добива крал


Холандската кралица Беатрикс (75) ќе абдицира на 30 април во корист на својот син, претстонаследникот Вилем-Александар, после речиси 33 години на престолот.
За време на тој период, според многумина, таа го трансформираше кралството во модерна монархија. Кралицата ќе ја потпише абдукацијата во кралската палата во Амстердам во присуство на синот и неговата сопруга, со што Беатрикс ќе се врати на својата претходна титула принцеза, а нејзиниот син ќе стане крал Вилем-Александар.

3 тренди лакови за нокти од црвените килими


Еден од главните сојузници на стајлингот покрај облеката и штиклите се ноктите украсени со лакови кои оваа сезона опфаќаат цела палета на бои во интензивни и светли нијанси кои се како создадени да ги следат цветните мотиви на фустаните.
Убаво средените нокти станаа основен моден додаток на дамите на црвените килими. Ви ги претставуваме топ 3 лаковите за нокти од гламурозните убавици за оваа недела

Најпознатото селебрити семејство ни е во соседството

Планетарно познатото семејство Кардашијан во моментов ужива на својот семеен одмор во нашето соседство, односно на грчкиот остров Миконос.

Најпознатата старлета во светот, Ким Кардашијан и нејзиното семејство моментално се на одмор во Грција, на островот Миконос. Така, појавувајќи се надвор од вилата во која што престојувале, завиткана во марама со војничка шара, старлетата го покажала својот огромен труднички стомак, откако претходно биле забележани како пазарат во еден од локалните

Како петгодишните деца учат за сексот: Ерекција, презервативи, пораѓање...

Основно училиште во Берлин било мета на критики откако било откриено дека на учениците им биле покажувани ексциплити сексуални цртежи.

"Од каде доаѓаш?" е насловот на книгата која што на децата им објаснува како дошле на овој свет, но сето тоа не е преку приказната за штркот кој носи деца.

Запознајте ја жената која ја пробувала храната на Хитлер

95-годишната Маргот Волк ги преживеала сите видови од храната на Хитлер, еден атентат врз него, целата Втора светска војна, како и поствоените години: поделбата на Германија, изградбата на Берлинскиот ѕид, неговиот пад...

Волк две ипол години била една од 15-те млади жени кои ја пробувале храната на Хитлер за да проверат дали е отровна пред да му биде послужена во строго обезбедената команда во центарот наречена “Јамата на

Во која земја живеат 53.000 милионери?

Бразилскиот град Сао Паоло се наоѓа на деветтото место на листата на градови со најмногу милионери, а бројот на бразилски богаташи за десет години неколкукратно се зголемил.

За Козета Гомеш летањето со хеликоптер е вообичаен начин брзо да стигне до посакуваната цел и да го избегне метежот во Сао Паоло, кој со околината има околу 20 милиони жители.

Најбрзата мемориска картичка во светот!


Главниот проблем со мемориските картички не е тоа што се скапи или што нудат премал простор, туку едноставно не се доволно брзи. Со новата CompactFlash мемориска картичка на Toshiba, работите ќе се променат...

Десетте најпаметни луѓе во светот

Тие се луѓе кои што ја разбираат вселената, кои што знаат да дискутираат на безброј теми и кои се способни да решат речиси секаков проблем... Тие се најпаметните во светот!

Вебер и Фетел наеднаш станаа големи пријатели?

Марк Вебер оваа сезона имаше многу турбулентен однос со својот клубски колега, актуелниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел.

Тензиите посебно беа високи после трката за Големата награда на Малезија на која Фетел го престигна Вебер на 13 кругови пред крајот на трката, иако наребите од боксот на Ред Бул беа да се зачуваат позициите и да се обезбеди мирен финиш. После претекнувањето, Вебер му покажа среден прст на Фетел, а на церемонијата за прогласување на победниците двајцата пилоти на Ред Бул воопшто не разговараа. Но се чини дека се смириле страстите помеѓу двајцата пилоти на Ред Бул.

,,Моето партнерство со Ред Бул е веќе седма година и е едно од најдолгите партнерства помеѓу еден клуб и возач. Себастијан и јас сме екипа и ние делиме одлично пријателство'' - изјави Марк Вебер.

Загина жена во сообраќајка на патот Велес – Неготино


Трагично заврши патувањето за семејство од Скопје. Автомобилот фолксваген поло со кој се превезувале, движејќи се по автопатот Велес-Градско кај штипското петле, удрил во заштитната ограда па се превртел. Несреќата се случила утринава околу седум часот.

Со возилото се превезувале четворица. Од ударот веднаш починала 51 годишната Виолета. Т., а останатите тројца се здобиле со телесни повреди и се префрлени во велешката болница.

Со автомобилот управувал синот на починатата, 27 годишниот Игор. Во возилото биле и неговата помлада сестра и 80 годишната баба. Истрагата треба да ги открие причините за несреќата.

Поради несреќата, околу еден час автопатот беше затворен за сообраќај.

ФОТО: Прилеп добива најмодерна кино сала


Градот под марковите кули ќе добие нова и најмодерна кино сала. Денеска започнаа градежните активности за изградба на новото кино на просторот на сегашниот ресторан до Центарот за култура.

kino4-500
 Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека соработката со Локалната Самоуправа и Министерството за култура, кое во изминатиот период финансираше неколку проекти во Центарот за култура во вкупна вредност од 7,5 милиони денари продолжува со нови инвестиции и вложувања во оваа национална установа од областа на културата.
kino2-500
За изградба на новото кино ќе биде инсталирана најсовремена опрема со сите најмодерни придружни содржини. Преку 200.000 евра се обезбедени од Министерството за култура за набавка на овој тип опрема. Во наредниот период се очекува да започне и реконструкцијата на самата сала со потребниот инвентар, мебел и комплетно внатрешно реновирање на ентериерот и екстериерот за се да биде во најсовремен европски стил.
kino-500
Во рамки на кино салата ќе има и кафатерија по сите светски трендови со пиење кафе, пуканки, се она што оди со гледањето на филмови.
Неодамна при посетата на Министерката Канческа-Милевска во Прилеп беше предаден и новиот дигитален проектор како дел од проектот за набавка на проектори за Центрите за култура низ државата.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ почнаа со реализација на проектите


Со реализацијата на проектот Изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води во општина Илинден за над 1000 жители трајно ќе се реши проблемот со фекалната канализација. Претходно тие имаа септички јами и секое едно семејство мораше месечно да издвојува помеѓу 1000 и 2000 денари за празнење на тие спетички јами. Значи покрај тоа што ќе се реши проблемот со канализацијата ќе има заштеда за секое едно семејство во ова населено место од околу 2000 денари. Ова го нагласи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при денешната посета на општина Илинден каде се реализира проектот проект за Изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води.

mile zika-500
-Овој проект е еден од многуте проекти кои се реализираат од средствата кои ги доби Владата од Европската инвестициона банка. Во моментов се завршени шест проекти, а на 24 локации, во 24 општини ширум територијата на Република Македонија се одвиваат градежни работи, нагласи Јанакиески.
Тој посочи оти е добро што со реализацијата на овој прокет за некаде над 1000 жители трајно ќе се реши проблемот со фекалната канализација.
-  Претходно тие имаа септички јами и секое едно семејство мораше месечно да издвојува помеѓу 1000 и 2000 денари за празнење на тие септички јами. Значи покрај тоа што ќе се реши проблемот со канализацијата ќе има заштеда за секое едно семејство во ова населено место од околу 2000 денари, рече Јанакиески и додаде дека тоа било едно од главните ветувања и дел од предизборната програма и како што рече, таа програма веќе започна да се реализира.
Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски информираше дека станува збор за изградба на канализационен сегмент во населеното место Кадино во должина од 4 000 метри и пречистителна станица со капацитет за 1 250 еквивалент жители.
- Целта е да го реализираме проектот заради подобрување на условите на живеење на граѓаните бидејќи во поголем дел на населеното место и на општината подземните води се релативно високи, изјави Стојановски.
Инаку, станува збор за канализационен систем со пречистителни станици кои се комплетно автоматизирани и претставуваат модуларни системи кои што зафаќаат мал простор, имаат мала потрошувачка на електрична енергија и можат да се надградуваат во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители. Прочистената вода е со висок квалитет и може да се користи за наводнување на површините.
Рок на завршување на градежните активности и предавање во употреба на овој сегмент е до крајот на годината.
Ваков еден систем во должина од 5 700 метри со пречистителната станица за 1250 еквивалент жители веќе е изграден и пуштен во употреба во населеното место Марино. Паралелно градежните екипи се насочени кон изградба на уште еден сегмент во населеното место Илинден.

Еменике ослободен од обвиненијата за местење


Поранешниот фудбалер на Фенербахче Емануел Еменике, е ослободен од обвиненијата дека учествувал во местење натпревари во турското првенство, пренесоа медиумите од оваа земја.

emenike-500
Еменике, заедно со челниците на турскиот фудбалски гигант беше обвинет дека наместил неколку пресметки во 2011-та година.
Обвинителите тврдеа дека на овој фудбалер, кој во тој период ги бранеше боите на Карабук, му бил ветен трансфер во редовите на Фенербахче, а во замена за тоа морал да лажира повреда и да не настапи во дуелот со клубот од Истанбул.
Нигерискиот фудбалски интернационалец секако ги отфрли сите вакви обвинувања, а во демантот тврдеше дека се повредил само една недела пред натпреварот, а за тоа може да посведочи и извештајот на лекарите.
Сепак, не му беше лесно да го објасни подоцнежниот развој на настаните, кога навистина се пресели во Итанбул и во тимот на Фенербахче. Вредноста на трансферот кој се случи во мај 2011-та не беше објавена, меѓутоа Еменике не одигра ниту еден меч за турската екипа и по три месеца замина во Спартак од Москва.
Турските медиуми наведуваат дека судот во Истанбул го ослободил Еменике, поради „недостаток на уверливи докази“.

Реина: Суарез „настрада“ затоа што не е Англичанец!

Ч

уварот на мрежата на Ливепул, Пепе Реина, тврди дека казната од 10 меча забрана за настап, која што ја доби Луис Суарез поради гризнувањето на Бранислав Ивановиќ, е превисока.

pepe-500
Шпанскиот фудбалски интернационалец од голот на „Црвените“ е уверен дека санкцијата за Уругваецот би била далеку поблага доколку во прашање бил англиски фудбалер.
„Го познавам Луис и знам дека е многу поинаков човек надвор од теренот. Тој е извонредна личност и одличен соиграч“, вели Реина.
„Луѓето во Англија го гледаат поинаку и има различен третман бидејќи доаѓа од Уругвај или поради тоа што во минатото имал слични инциденти. Тој знае дека погреши, меѓутоа казната од 10 средби е апсурдна и претерана“, вели Шпанецот во изјавата за англиските медиуми.
Како пример за неправдата кон голгетерот од „Енфилд“, Реина го наведе податокот дека уругвајскиот напаѓач поради расните навреди кон Патрис Евра, кои не биле докажани, добил осум меча суспензија, а Џон Тери, за навредите упатени кон Антон Фердинанд, заработи само четири дуели пауза.
„Ова е срамно и многу лицемерно. Во Англија постојат сензационалистички медиуми кои на некои настани им посветуваат поголемо внимание во однос на другите. Случајот со доказите против Тери, кога тој доби казна од четири средби, е сличен на оној на Луис и Евра, по кој мојот соиграч паузираше на осум пресметки. Мислам дека нештата би биле поинакви доколку зборувавме за англиски фудблер“, порача Реина.
Денеска истекува периодот во кој Луис Суарез може да поднесе жалба на одлуката на Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Англија.

ВИДЕО: Дресот на Геце го возвраќа ударот, стана огноотпорен


Големо е незадоволството меѓу навивачите на Борусија Дортмунд деновиве и покрај тоа што германскиот тим речиси избори пласман во финалето од Лигата на шампионите.

mario-500
Она кое што ги разлути навивачите на „Милиониерите“ е одлуката на талентираниот Марио Геце да го напушти „Сигнал Идуна Парк“ и од следната сезона да се пресели во редовите на најголемиот бундеслигашки ривал, потенцијален противник на 25-ти мај во елитната завршница на Вембли, Баерн Минхен.
Ова секако не е прв пат еден фудбалер да ги промени клупските бои и да го облече дресот на „омразен“ конкурент. Минатите примери започнаа „традиции“ кои имавме можност да ги видиме деновиве и во Дортмунд.
Сепак, Германците овој пат претераа во изливите на својот бес, неколкумина навивачи дури го претепале помладиот брат на Геце, други му ја обоиле куќата во која живее, а најчести се оние кои ги палат дресовите на Борусија со презимето на овој фудбалер.
Повеќемина веќе успеаја, па и се пофалија со тоа. Сепак, други не само што не ја реализирале оваа своја идеја, туку и самите минале со изгореници. За ова можете да се уверите во следната видео-снимка, која што авторите ја потпишале со краток коментар: „Не успеавме!“

Пековиќ не мисли да се враќа во Европа

nikola-500Црногорскиот кошаркарски интернационалец Никола Пековиќ, изјави дека не планира да ја напушти НБА лигата. Не сака да се враќа на Стариот континент дури ни за „добри пари“.
Пековиќ зад себе има извонредна сезона во дресот на Минесота „Тимбервулфс“, екипа со која му истече договорот, меѓутоа сигурно е дека го очекува нов, далеку подобар. Како и да е, дали ќе остане токму во редовите на „Вулфси“ ќе видиме летово.
„Во овој момент сум без ангажман. Реков дека би сакал да останам во Минесота, меѓутоа не зависи се од мене. Се уште е рано, сезоната не е завршена, почна плеј-оф фазата, така што е рано за преговорите, иако има интерес“, вели Пековиќ.
На прашањето дали би се вратил во Европа во случај на добра понуда, Пековиќ има подготвен одговор.

Борусија веќе најде замена за Геце


julijan-500 Иако веројатно не го одбра вистинскиот тајминг за тоа, таентираниот германски репрезентативец Марио Геце деновиве си го оствари својот сон, па дресот на Борусија Дортмунд од следната сезона ќе го замени со оној на големиот ривал Баерн Минхен.

Диви со инјекција запиша 20 одбрани


Во првенствениот натпревар од 4. коло на машката суперлига, екипата на Металург го совлада составот на Зомимак М, со резултат 28:22.

divi-500
Натпреварот се одигра во салата „Автокоманда“, но домаќин беше тимот од Струмица. Така се договорија управите на двата тима, а се со цел Металург да го избегне заморното патување до Струмица, пред натпреварот со Киелце. Натпреварот од 9. коло ќе се одигра во Струмица, а домаќин ќе тимот од Автокоманда.
Металург на овој меч одигра со онолку сили, колку што беа потребни да забележи три нови бода, при тоа внимавајќи да не дојде до некоја несакана повреда пред неделното гостување кај полскиот првак Киелце во Лигата на шампиони.
Металург настапи без Станиќ, Козлина и Батиновиќ, а во игра не влегоа и Димовски и Митревски.
Петар Ангелов, кој за потребите на клубот ја откажа веќе закажаната операција и кој настапи со инјекција во коленото, се врати со огромни 20 одбрани и е еден од најзаслужните за победата на Металург.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О